Што ќе најдете во најновата верзија на Kali Linux?

Постојат огромен број Debian-засновани системи, но Kali Linux е исклучително популарен помеѓу хакерите и тестерите, највеќе поради тоа што примарниот фокус на овој оперативен систем е безбедност.

Најновата верзија на Kali Linux доаѓа со новa Xfce десктоп околина и GTK3 тема. Покрај надополнување на Linux kernel, повнимателните корисници ќе забележат дека системот сега доаѓа и со PoweShell. Она што особено го истакнува Kali Linux е релативно новиот Undercover Mode. Со овој режим, можете да го маскирате оперативниот систем за да изгледа како да користите Windows 10.

Со Kali Linux 2020.1, меѓутоа, се преземаат уште подрастични чекори и root/toor се заменува со kali/kali. Тимот кој стои зад системот реши да престане со нудење засебни слики за секоја десктоп околина. За поголема флексибилност, но и полесно снаоѓање, се нудат само installer image, live image, и network installer image.

Секој може да го инсталира Kali Linux и да најде нешто интересно со него, но, како што кажавме, ова е оперативен систем кој првенствено би бил ценет од една специфична група од корисници. Доколку не припаѓате на неа, ви препорачуваме да ги разгледате MX Linux, или, можеби, Linux Mint.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии