Што ќе биде новиот џебен уред од Microsoft?

Телефон, мини лаптоп или планер… Microsoft работи на нов уред, но од малкуте и оскудни податоци за уредот е нејасно за што точно ќе станува збор.

Името на проектот под кој Miscrosoft работи на овој уред е Andromeda. Досега се појавуваше во патенти и во оперативниот систем, но Verge дојде до документ кој го потврди уредот.

Станува збор за уред налик на паметен телефон со два екрани кои се преклопуваат. Првите податоци велат дека можеби станува збор за џебна верзија на Surface компјутерите. Новиот уред треба да ја отстрани границата помеѓу џебни уреди и лаптоп компјутери.

Andromeda како и сè што доаѓа од Microsoft во последниов период  ќе доаѓа со електронско пенкало. Пенкалото ќе може да се користи за пишување или селектирање на двата дисплеи. Едниот дисплеј би бил стандарден, своевидна замена за лаптоп дисплеј. Другиот дисплеј ќе има повеќе намени. Така, ако сакате да играте може да биде контролер, а ако сакате да работите ќе биде дигитална тастатура.

Едно од првите прашања кое си го поставувате е дали со Andromeda, Microsoft најавува дека ќе се врати со мoбилните уреди. Компанијата не може да се пофали со успех во овој сегмент од пазарот.

Она што е интересно е иако нема речиси никакви податоци за уредот, Andromeda треба да се појави оваа година. Ако ова е вистина, тогаш најверојатно наскоро ќе се појават повеќе податоци за уредот. Со оглед на тоа дека Microsoft нема да сака да ја пропушти новогодишната продажба, презентациите би можеле да бидат на почетокот на есента.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии