Што ќе прави Microsoft со Minecraft, сега кога креаторот Notch ја напушта популарната игра со лего коцки?

Microsoft објави дека го купува Mojang, студиото кое ја креира играта со дитигални лего коцки Minecraft, за неверојатни 2,5 милијарди долари. Minecraft има огромна популарност меѓу гејмерите – 56 милиони копии се продадени за сите платформи – но добар дел од заедницата се и фанови на креаторот Маркус ‘Notch’ Персон, кој често знаеше да ги искритикува големите компании, меѓу кои Facebook и Microsoft бидејќи не се отворени платформи. Затоа можеби не е чудно што Notch ќе си оди од Mojang веднаш по аквизацијата.

[youtube]MmB9b5njVbA[/youtube]

Но, Notch вели дека влегувањето на Microsoft не е пресудно за неговото повлекување, и дека веќе од поодамна не успева да го пронајде своето место во компанијата. Креаторот на Minecraft ја објасни својата одлука за заминување од компанијата на својот блог.

„Не се гледам како развивач на игри, правам игри бидеќи е забавно, сакам игри и сакам да програмирам, но не правам игри со намера да станат хит или да го променат светот. Minecraft стана огромен хит и луѓето ми велат дека ги променила игрите. Не помислував ниту на ова, се разбира дека е ласкаво, а постепеното добивање на место во јавноста е интересно“.

Прашањето што останува сега е што ќе прави Microsoft со својата игра вредна 2,5 милијарди долари? Надежите се дека Minecraft ќе ги приближи до помладите корисници, но и ќе им даде шанса да префрлат дел од гејмерите на таблет компјутерите и на паметните телефони кои работат на Windows. Можеби Microsoft сака да се претстави како позитивен бренд кај помладите корисниците бидејќи во иднина тие ќе бидат идните клиенти кои ќе купуваат бизнис софтвер. Студиото зад играта, Mojang, веќе објави дека поддршката за Android и iOS ќе продолжи и под Microsoft, но очекувајте Microsoft да си ги фаворизира својата мобилна платформа, оперативниот систем и, најважно од се, својата конзола Xbox 360 на која Minecraft се продаде во 12 милиони примероци за само пет месеци.

Една од најчестно спомнуваните теории е дека Microsoft е заинтересиран за Mоjаng поради локацијата на компанијата која е во Шведска, па Microsoft може да го искористи кешот пари кој го има надвор од САД, наместо да ги враќа во земјата каде би требале да плаќаат данок. Сепак од Microsoft ги демантираат овие гласини, велејќи дека ќе го купеа креаторот на Minecraft и доколку беа лоцирани во САД.

[youtube]lXNWchwDiG8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии