Што пребарувавме, коментиравме и што гледавме во 2020 на различни платформи

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Facebook

Конечно доаѓа крајот на годината, а со неа и вообичаените рекапитулации на платформите. Најголем дел од овие вести веќе се споделени, па може да видиме што, каде и кога, било најпопуларно на различни платформи.

Веројатно ниеден од листата на настани кои нè преокупираа годинава нема да ве изненади, а тоа што се повторуваат на сите друштвени мрежи и платформи само потврдува што нè преокупираше оваа година.

Reddit

Најпопуларен пост со најмногу „upvote“ на Reddit е фотографија на Рик Естли, која ја сподели токму пејачот. Фотографијата е сликана во Лас Вегас на неговата прва турнеја во 1989. Г. Естли денес е најмногу познат како „аудио/видео меме“ со песната која се користи за „rickrolling“.

Вториот најпопуларен пост е смешна хронологија на менување на ставовите на YouTube корисник кој тврди дека земјата е плоча.

Третиот пост по  „број на гласови“ е видео од патрола и напади на Националната гарда во Минеаполис.

Што се однесува до термините кои најчесто се употребуваат, очекувано на врвот на листата е Covid-19. Епидемијата е спомената над 50,2 милиони пати со што и очекувано е најчеста тема на разговор оваа година. Заедницата r/coronavirus е трета по активност, а огромен пораст има и на r/unemployment.

Google

Вообичаено Google на крајот на секоја година споделува рекапитулација на годината преку еден Year In Search блог. Очекувано и тука коронавирусот, и последиците, беа дел од најчесто пребаруваните термини на Google.

Епидемијата ова година има огромно влијание на секојдневниот живот. Влијанието се чувствува секаде. За пример најчесто пребарувана рецепта оваа година е за леб со квас (sourdough). Месењето и готвењето леб ни беа едни од најпопуларните разоноди во период кога сите се обидуваа да бидат што е можно побезбедни.

Емотиконот со маска е најпопуларен емотикон оваа година, покажуваат трендовите на Google.

Покрај епидемијата настан која ја одбележи годината се претседателските избори во САД, а најпребарувана личност е следниот претседател на САД, г. Џон Бајден.

Facebook

Според прегледот на најголемата друштвена мрежа настаните кои ја одбележаа годината се поделени во неколку групи: Икони; Социјално будење; Глобална политика; Заштита на околината…

Покрај епидемијата која не може да биде избегната никаде, Facebook нè потсети на несреќата во која животите ги загубија Коби и Џиџи Брајант. Популарниот кошаркар и неговата ќерка загинаа на почетокот на годината во хеликоптерска несреќа.

Без сомневање еден од настаните кои ја одбележаа годината се и масовните протести во САД предизвикани од убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата, и реактивирањето на „Black Lives Matter“.

Пандемијата го промени и начинот на кои луѓето ја „конзумираа“ содржината, па видеата на Live фидовите на Instagram и на Facebook се удвоија во Италија во периодот во кој сите можевме да ги проследиме преносите на „концерти“ од терасите.

Netflix

Ковид-19 пандемијата нè преокупира целата година. Ова се одрази и на куп онлајн сервиси. Начинот на кој пандемијата ни го промени животот имаше влијание и на инфраструктурата на интернет мрежата во Европа. Netflix, YouTube и Amazon на почетокот го намалија квалитетот на видео содржините за да не се преоптовари мрежата и да може да се заштити интернет неутралноста во Европа.

Што се однесува до сериите кои ги гледавме годинава. Најпопуларна документарна серија оваа година е Tiger King, a The Family Next Door е најпопуларен документарен филм годинава. The Queen’s Gambit, The Trial of the Chicago 7, Enola Holmes, Ratched, Ozark сезона 3 и втората сезона на The Umbrella Academy се најпопуларни содржини на Netflix оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии