Спонзориран текст

Што ги поврзува Weekend Media Festival и книгата Čaj od šljiva?

Креативниот стратег и сестран уметник, Лазар Џамиќ е гостин на Weekend Media Festival

На деветтото издание на Weekend Media фестивалот, кој се одржува од 22-25 септември, ќе биде интересен, со нови теми и говорници кои со својата појава ќе го заинтригираат вниманието на бројните посетители кои се очекуваат во уникатната стара фабрика за тутун во Ровињ. Меѓу нив е и човекот кој зборува за културолошкото влијание на Alan Ford во бивша Југославија, т.е. верно ги прикажува со едноставен и отмен јазик разликите и стереотипите во српското и британското општество.

Тој е Лазар Џамиќ, новинарска и бизнис икона, но и сестран уметник кого е тешко да го опишете во неколку реченици. Професионален новинар, уредник и директор на радио, колумнист во дневниот печат, автор на текстови во бројни магазини, маркетиншки експерт, и пред сѐ непосредна и топла личност од која може многу да научите. Токму неговото искуство и идеи ќе биде споделено оваа есен со гостите во Weekend Media Festival, најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа кој се организира под генерално покровителство на Adris групата.

Лазар има неверојатно богато животно и професионално искуство, а неговиот возбудлив животен пат го води преку Белград до Лондон каде денес креира дигитални стратегии за водечките светски компании како Glenfiddicha, Waitrosea, GAP и други. Последниве неколку години соработуваше и со водечките светски и британски брендови на проекти кои опфаќаа се од истражување и информациска архитектура до изградба на наградувани креативни и eCRM стратегии. До неодамна го водеше тимот за бренд стратегија во Google-овиот креативен think-tank ZOO во Лондон. Се тоа говори дека за ова предавање ќе се бараат повеќе слободни места бидејќи се работи за сестран професионалец.

Како консултант за маркетинг, Лазар напиша седум книги на различни теми, а меѓу нив посебно интересна книга во која ја обедини колекцијата текстови што од Лондон ги пишуваше за белградскиот Novi Magazin, споени под заедничкото име Čaj od šljiva. Во спомнатата книга тој пренесува стереотипи, различности и специфичности на српската и британската култура. Друго дело на Лазар е книга за стрипот Alan Ford и културолошкото значење за неговата популарност во поранешната СФРЈ. Cvjećarnica u kući cveća претставува сентиментално четиво во кое Лазар на луцидeн начин се обидува да реконструира зошто е таа карикатурална сага на групата тајни агенти TNT и Бројот 1 стана мега популарна во Југославија и никогаш повеќе.


(Ова е промотивен текст за Weekend Media Festival. IT.mk е медиумски партнер)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии