Што фасцинантно може да очекуваме од следната генерација iPhone и iPad

Мелницата на гласини кулминираше пред официјалната презентација на iPhone 4S, со фантастични предвидувања дека iPhone 4S ќе биде поѕирен до некои по нормални шпекулации дека iPhone 4S ќе има поголем 4-инчен екран и некои точни претпоставки како тоа дека новиот iPhone ќе има 1080p HD камера и гласовен асистент сега познат (или позната) како Siri.

Познато е дека покојниот Стив Џобс до последните моменти на својот живот работел на својот последен проект, iPhone 5 и iPad 3. Сигурно само оваа гласина ќе биде доволно за многу луѓе да ги заменат своите веќе застарени мобилни направи купени од пред неколку месеци, со нов и подобрен производ со перфекционистичката етикетата на Стив Јобс.

Покрај сето ова, секогаш мора да запамтиме дека сите овие информации се само гласини, и дури фактички да постојат како проекти, можат да бидат заменети или тотално одстранети неколку месеци пред официјално да бидат достапни на пазарот.

Кои, наизглед налудничави нешта можеме да (не)очекуваме според некои гласини?

  • iPhone 5 ќе биде целиот транспарентен! Но шансите за ова да се случи се во децимални вредности воглавно затоа што пазарот сè уште не е спремен за ваква иновација, а и самата технологија сè уште ги прави своите први бебешки чекори како кај Lenovo S800 . Контрастот исто така представува проблем да се зголеми, и производството за истите е сеуште многу скапо.
  • iPhone 5 ќе има осум јадрен процесор поради се повеќе агресивната конкуренција! Звучи веројатно, но iPhone 5 ќе го користи А6, quad core процесорот што има четри јадра. И покрај „агресивната конкуренција“ Apple има уникатна стратегија на квалитет и иновација што би требало да ги одржи над водата без да треба да се ризикува со прескапи прекршувања на Муровиот закон.
  • iPhone 5 ќе може да помага околу кујната и да ви зготви јадење! Ако сметате помаѓање околу кујната дека е симнување на некои од илјадниците апликации за готвење или проверување кои адитиви во храната се опасни, тогаш да, но тоа можат и постарите верзии. За да ни зготви јадење прво треба да почекаме роботите да проодат, прозборат, размислуваат.

Кои гласини можеме да очекуваме со поголема сигурност дека се вистина?

  • iPad 3 ќе има двојно подолготраечка батерија од iPad 1 и 2! Редно време беше малку да не ослободат од љубов кон каблите секој 10 часа користење на iPad, со 20 часовната батерија и екранот што троши далеку помалку енергијание ќе можеме да останеме колку што сакаме ненаспани, гледајки во екран на iPad скоро цел ден. Воедно новиот екран на iPad 3 треба да е и потенок.Најновите информации укажуваат на тоа дека iPad 3 ќе биде најавен со новите спецификации, во iWorld настанот на 26-ти Јануари, 2012.
  • iPad 3 и iPhone 5 ќе можат да препознаваат лица! Орвел не предупреди, но ние не слушавме. Сега уште на еден начин ќе може да мислиме дека нашите електронски направи не гледаат, или дека некој гледа низ нив. Страшни сценарија на нискобуџетни филмови на страна, оваа технологија може да понуди опуштена безбедност и ноншалантност во користење и активација на нашите мобилни направи, а исто така ќе знаеме точно кога и кој од нашите браќа/сестри ни ги избришал апликациите. Во 2010 година, засега минатата година, Apple испрати патент за систем за препознавање на лица, но не го интегрираше во iPad се до сега, кога гласините повторно се разгоруваат за следната генерација на iPad.
  • Комплетен редизајн на iPhone 5! Знаејки го досегашните успеси на Apple во однос на техничко дизајнерскиот аспект на нивните продукти, се што може да очекуваме ново од Apple кога се работи за дизајн, можеме слободно широко да ги отвориме рацете и очите. Гласината овој пат е дека алуминиумот и пластиката се враќаат во игра, а Gorilla стаклото користено во iPhone 4, 4S ќе се врати назад во џунглата каде припаѓа. Техничката поддршка на Apple ќе може малку да здивне од жалби за скршени стакла поради тоа што корисникот несакајки го фрлил својот iPhone од четврти кат.

3 коментари на “Што фасцинантно може да очекуваме од следната генерација iPhone и iPad

    1. Сигурно ќе добиеме и многу Android уреди http://it.com.mk/tag/android/, можеби и Microsoft ќе ни поклони нешто http://it.com.mk/tag/microsoft/, а можеби и заедницата на слободен софтвер http://it.com.mk/tag/sloboden-softver/

      Не знам зошто мислиш дека некој ни дава поклони секој пат кога ќе напишеме текст. За реклами има посебни одделени места на сајтот. Поздрав и Среќна Нова Година! :)

  1. Таа сликата од провидниот iPhone нема блага веза со реалноста. Беше најавувана како дизајн на iPhone 5, што потоа излезе како iPhone 4S, и нормално, врска немаше со тој дизајн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии