Што е Uber, зошто таксистите ja мразат aпликацијата и зошто вреди 17 милијарди долари?

Околу 12.000 такси возачи се собраа на улиците на Лондон да протестираат во одбрана на својата работа против нови такси-сервиси предводени од Uber. Протестите ги предизвика начинот на наплата кој го нудат овие нови сервиси. Во Лондон единствено лиценцираните такси возила можат да користат таксиметар за наплата, но апликацијата на Uber ја пресметува цената на превозот преку GPS и паметниот телефон, за што таксистите сметаат дека е речиси исто. Според таксисите, Uber не само што им ја зема работата, туку ги става патниците во опасност да влезат во нелиценцирани возила.

Uber е сервис кој е своевиден приватен возач. Започна како стартап во Калифорнија во 2009-та година кој им нудеше на своите клиенти превоз со луксузни возила како Lincoln, Cadillac Escalade, BMW 7 и Mercedes-Benz W221. Но, од пред неколку години компанијата го прошири асортиманот на возила кои ги нуди за превоз на поширок пазар преку UberX сервис. Возилата се резервираат со помош на апликација или текст пораки, преку кои корисниците ја праќаат својата локација, по што возачот доаѓа да го одвезе корисникот до посакуваното место. По пристигнувањето, корисникот го „оценува“ возачот, а наплатата се врши преку сметка која е доставена до Uber, што овозможува да се возат и ако го заборават паричникот. Неодамна компанијата успеа да собере 1.2 милијарди долари средства, што и ја качи вредноста на 17 милијарди долари. Проценката се чини превисоко имајќи во предвид дека компанијата заработила само 200 милиони долари во 2013-та година. Но, процената се должи на претпоставката дека Uber ќе успее да воспостави монопол на ваквиот сервис низ сите поголеми светски градови. Компанијата веќе ги нуди своите услуги во 100 градови во 37 држави.

[youtube]Bys8mOZoZyc[/youtube]

Протести против Uber се одржаа во поголем број европски градови помеѓу кои Париз, Мадрид, Милано и Берлин. Се чини дека Париз отиде најдалеку во својот анимозитет кон сервисот. Најпрво градските власти донесоа одлука со кои овие возила мора да чекаат/стојат 15 минути, но Врховниот суд ја поништи оваа пресуда. Противниците на овие сервиси тврдат дека не се против конкуренцијата, но бараат истите стандарди да важат за сите. На пример лиценцирањето на возилата, возачите на Uber возат без лиценци додека таксистите треба да платат до 200.000 евра за лиценца.

Uber своето проширување го прави со нов UberTAXI сервис кој овозможува пренос со конкурентни цени со тие на лиценцираните таксисти. Uber достави и апликација која можат да ја користат возачите на такси возила во Лондон, чие излегување коинцидира со протестите. Сепак протестите на возачите доаѓаат бидејќи апликациите овозможуваат изнајмување на возила, со што им се намалува работата на таксистите. Иронично, протестите на таксистите во Лондон ја зголеми регистрацијата на корисници за 850 отсто.

[youtube]T8s4dbuyQBQ[/youtube]

1 коментар на “Што е Uber, зошто таксистите ja мразат aпликацијата и зошто вреди 17 милијарди долари?

  1. Шофер може да е секој што има приватно возило, сами си го организираат работнотно време, сако сакаш може само ден да работиш или неколку саати.

    милион пати пољубезни него таксистите и многу поедноставен е начинот на плаќање.

    Во СФ убер супер си функционира, покрај нив постојат и SideCar и Lyft.

    …не користам више такси, стриктно само новиве сервиси

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии