Што е Twitter Activity и дали е корисен?

Twitter во август ја најави опцијата Activity, која после три месеци конечено е достапна за користење за сите твитерџии, вклучувајќи ги и македонските. Оваа опција им овозможува на Twitter корисниците да ги следат пријателските активности на друштвената мрежа, односно е скоро иста опција како Facebook News Ticker.

Целта на оваа опција е да им овозможи на Twitter корисниците полесно да откријат нови профили за следење. Опцијата Activity покажува активности на профилите кои се следат, како на пример: кој кого ретвитвнал, кој кого започнал да следи, и кој одбележал како омилен чиј твит.

Идејата зад Twitter Activity е да ги натера твитерџиите да следат други луѓе и брендови. Најчестата активност која се прикажува кој кого следи. Таа активност е прикажана со копче Follow за да може и твитерџијата да го следи профилот како тоа што го прават неговите пријатели.

Аctivity го прикажува твитот кој е најчесто ретвитуван, па доколку сте го изгубиле во стримот со вести, ќе можете да видие што им се допаѓа најмногу на вашите пријатели. Всушност, ова може да биде и малку бесполезно бидејќи секој твитерџија си ги следи пријателите и внимава најмногу на нивните твитови, па доколку 4-5-10 луѓе го ретвитнале твитот тогаш е многу тешто да биде пропуштен.

Покрај оваа промена, јазичето @mentions сега е заменето со јазичето @корисничкоиме, со чие кликање корисниците можат да ги видат сите нотификации врзани за нив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии