Приказната за QR кодот започнува во Јапонија, каде во 1994-та година фирмата ќерка на Тојота, Denso-Wave го креира за своите потреби, односно за да можат да се пратат деловите на возилата во производство. Тие иако го поседуваат патентот за QR кодот, одлучија да не искористат некои посебни права со што QR кодот стана достапен за сите.
[youtube]tGYqxVrJN-s[/youtube]

Тоа што може да се енкодира текст, URL, па дури и да се компонира електронска порака, прави да може да се употреби навистина насекаде. Секој корисник со мобилен уред и камера може да го декодира QR кодот и да ја добие информацијата. Сите паметни телефони имаат баркод читачи, а оние кои немаат, за нив пак има многу апликации кои можат да се симнат бесплатно за да може да се прочитаат кодовите. Исто така, употребата на QR кодовите ја проширува тоа што можат да се најдат буквално на се, a и може да се буквално под кој агол и да е од 360 степени, читачите пак можат да го прочитаат.

Капацитетот на QR кодовите е следниот:

  • Само нумерички код максимум 7,089 карактери
  • Алфанумерички максимум 4,296 карактери
  • Бинарни (8 бита) максимум 2,953 бајти
  • Kanji/Kana максимум 1,817 карактери

Постојат и две варијанти на QR кодовите, микро и стандарден. Микро се наменети за уреди кои ја немаат можноста да скенираат многу големи кодови, а можат да содржат до 35 нумерички карактери. Стандардните можат да содржат до 7089 карактери, но малку уреди имаат способност да прочитаат толку информација.

Креирање и читање QR код

Ако сами саката да пробате и да генерирате QR код, можете на оваа страница. Како што гледате од примерот, креирањето на QR кодовите е лесно, а постојат разни други алатки за да си генерирате посакуван код.

Што се однесува за читање на QR кодовите, ви треба QR читач или паметен мобилен со камера и соодветна апликација. Пример за апликација е i-nigma која е достапна за куп разни телефони. Апликацијата не е ништо посебна, само ја стартувате, ви се отвара камерата, ја центрирате на кодот и добивате линк или слика, зависно од тоа што е енкодирано во QR кодот. Имате и други апликации за мобилните.

Примени на QR кодот и локални примери

И во Македонија се следи трендот за користење на QR кодовите. Како локални примери се Vip кои го користат QR кодот за активирање на нивните услуги, |EVN кои имаат вклучено QR код на сметките за струја, Caramelo кои со QR код споделуваат веднаш информации, а интересен пример е и да се спомне „Божиновски“ продавницата за накит и часовници која преку QR код ни ја честиташе Новата година.

Продавницата за накит и часовници „Божиновски“ закачија QR код на својот излог, кој при скенирање ја честиташе Новата година, како на сликата подолу. Од „Божиновски“ велат дека поради новоста на QR кодовите сите свои слики, како и QR честитки доаѓале со кратко упатство за како корисниците да го „дешифрираат“ кодот. Тие велат дека направиле и QR натпревар на забава во Битола.

(сликава е од Дарко Крстевски)

Идејата за користење на QR код на „Божиновски“ доаѓа од нивните соработници Calvin Klein, кои стартуваат QR кампања каде по читањето на кодот се добива видео реклама. Интересно, велат од „Божиновски“ на состанок на дистрибутери на часовници во Швајцарија една од поглавните теми било за примена на QR кодови.

Друг интересен локален пример е од Caramelo, место за кафе и други пијалоци, на чиј влез има закачено QR кодот. „Сѐ што треба да направите е да го скенирате кодот со QR апликација која ја користите на вашиот мобилен телефон и сите наши податоци за контакт автоматски ќе се зачуваат во вашиот телефон. Така, без многу напор, ќе го имате телефонот, адресата и електронските контакти од вашето омилено место за кафе.“, објаснува Caramelo.

Vip оператор исто така користи QR кодови во своите салони и на веб за да ги потикне корисниците да активираат неделна и дневна опција. QR кодовите на VIP корисникот ги само скенира и добива SMS потврдна порака која ја активира услугата.

Друга интересна примена на QR кодот е од EVN Македонија кои користат QR код на своите сметки. Кога ќе се прочита кодот го дава бројот „на место на потрошувачот“ заедно со уште други бројки кои ги немаше во сметките. Од EVN не ни одговорија конкретно за што се работи, чекаме повик, но претпоставувавме дека се работи за систем кој полесно ги организира писмата читајќи го кодот.

QR кодовите се насекаде!

Како што може да се види, малите чудни кодови имаат огромен потенцијал. Најинтересното со нив што ги прави толку популарни е што, прво, можат да содржат куп информации во себе и второ, со тие QR кодови може да ги читаме каде и да сме бидејќи скоро сите телефони денес можат да ги прочитаат.

5 коментари на “Што е QR код?

  1. Дали некој може да ми даде линк за спуштање на QR скенер, за Sony Ericsson W395? Се отепаф од барање на гугл ама „no luck“ :D

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии