Меѓу најзастапените игри во моментов со кои се занимава PC гејмерот се најразвиените наслови како Counter-Strike, Warcraft III и Starcraft (кои ќе бидат заменети со новата Starcraft II), Quake потоа серијалот Need For Speed, FIFA, Trackmania, DotA, а во последно време се става акцент и на World of Warcraft. Всушност секоја игра која има можност да стане натпревар помеѓу две лица или две групи, денес во светот се игра по турнири.

Кај нас во Македонија најпопуларна е Counter-Strike. Првин се правеа мали турнири нон-стоп, а потоа почнаа да се прават и поголеми, се одеше во посакуваната нагорна линија. Се донесоа и квалификациите за големите турнири ESWC и WCG, вторите кои и сеуште се организираат и се актуелни. Играта беше толку популарна што немаше некој кој го познавав а да не игра Counter-Strike. Оваа сцена си имаше свои подеми, а и за жал големи падови заради различни причини од немање спонзори до голем број откажувања на гејмерите.

Професионален гејмер според мене би бил оној гејмер кој се занимава со одредена игра до тоа ниво што покрај тоа што се натпреварува и  тренира за да биде добар на таа игра, тој зема пари од одредена организација (екипа) или сопствен спонзор. Во Германија за популарните игри имате професионални лиги. Во секоја професионална лига имате одреден број екипи кои се под некоја организација, а организацијата е должна да ги плаќа месечно своите играчи за настапот во таа лига. Минимум плата на Counter-Strike играч во првата лига во Германија е 200 евра, нешто помалку од просечната плата во Македонија.

Тимот ENTiTY на Kode5
Тимот ENTiTY на KODE5 во 2009-та

Кај нас про гејмери има, но за жал или траат кратко или никогаш не се платени за тоа што тренираат за да направат некој успех. Најголемата разлика помеѓу македонскиот и германскиот про гејмер, на прв поглед, е во платата, но има и големи разлики и во условите. Кај нас има недостаток на спонзори, мал дел од компјутерските компании се вклучени, има мал број на турнири, моментално еден – WCG, нема константно играње и тренирање зошто нема лига, па  дури и тренирањето е хендикеп поради слабиот интернет (ping со Германија), учествуваме само на еден турнир од светски ранг годишно, а тоа е недоволно за да останеш во тек со најдобрите екипи и за да имаш доволно искуство да се натпреваруваш достоинствено со нив.

Тука зборувам за Counter-Strike затоа што и самиот сум про гејмер, а за другите игри кај нас не сум многу информиран, но знам дека повеќето не се играат а од тие што се играат DotA или World of Warcraft ситуацијата е слична па дури и полоша.

За да се решат проблемите секако постојат решенија, во вид на спонзорства и препознавање на талентот. Прво треба медиумски да не се омаловажува значењето на играта како што тоа го направија новинарката на Време и психијатарот за кои сум сигурен ако имаат деца, тие играат некоја игра. Потоа треба да се вклучат повеќе спонзори, да се организира достојна лига која ќе се одвива бар 4-5 месеци преку зимата и/или пролетта и да се донесат барем уште едни квалификации како ESWC, KODE5 или Dreamhack.

Се надевам дека во иднина ќе се средат овие проблеми и ќе имаме право професионално гејмерско натпреварување.

11 коментари на “Што е професионален гејмер?

  1. tekstov e odlichen, i milijarda posto te poddrzuvam vo onoj del kade shto vikash deka na novinarkata decata (dokolku gi ima) i na psihijatarot igraat nekoja igra, znachi na cs pishuva ZABRANETO POD 16 GODINI, I TAKA KE OSTANE, zatoa Ve molime, dokolku vashite deca ja igraat igrata i ja upotrebuvaat vo realniost svet, ne se nafrluvajte na profesionalnite gejmeri :S

    fala chao

  2. Баш се израдував кога видов наслов поврзан со гејминг и професионални играчи… Ама за жал, тешко дека ова може да се нарече статија.

    Random rambling, неповрзани факти и изјави во стилот:
    "Тука зборувам за Counter-Strike затоа што и самиот сум про гејмер, а за другите игри кај нас не сум многу информиран, но знам дека повеќето не се играат а од тие што се играат DotA или World of Warcraft ситуацијата е слична па дури и полоша."
    воопшто не доликуваат на некој што решил да напише нешто или да искоментира. Без навреда, со оглед дека на авторот му е прва статија, се надевам дека следните ќе бидат со поголема длабочина и малку повеќе истражување на темата.

    Инаку, долго време сум во гејмерските води, сум видел многу потенцијални гејмери кои згаснале заради недостаток на финансии и осудување од средината, да не речам брендирање.

    Поздрав.

  3. искрено од текстов ни 5% не разбрав што е разликата меѓу "про" гејмер и локален (ако може така да се нарече…

  4. Статија за прогејмери без осврт ни спомнување на најуспешната e-Sports сцена во светот (Кореа и нејзината StarCraft I сцена), ја прави истата прилично плитка. И Counter-Strike е прилично досаден eSport за набљудување, со вештини кои се прилично тривијални. Али фурај си ти филм зашто да не… :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии