Што е потребно за дизајн на чип и колку пари чини развојот?

Дејан Соколоски

во Свет

Тим од барем 100 луѓе, 30 милиони долари за плати, 10 до 20 милиони за лиценци се основните трошоци за развој на нов чип. Прашање е колку е исплатлив развојот на нови решенија кога веќе се достапни куп решенија.

Тимот од 100 луѓе е некаков минимален тим потребен за активностите да бидат доволно брзо завршени. Можно е да се заврши работа и со помали тимови, но компаниите ризикуваат развојот на чипот да се развлече подолг период, вели Digits to Dollars. Дел од поголемите компании имаат и тимови од над 1000 луѓе. Причината за поголеми тимови е што има многу чекори во развој на чип, па потребно е делегирање на одговорности за побрзо да се завршат некој процеси. Токму поради ова за забрзување на работата може да биде продуктивно регрутирањето и на повеќе луѓе. Овие професионалци се прилично скапи и „чинат“ околу 300 000 годишно. Токму од тука е и најголемиот дел од проектираните трошоци, 30 милиони одат на плати.

Цената која би се платила за веќе постоечки патенти е непозната и е група проценка, сепак би требало да се движи помеѓу 10 и 20 милиони долари.

Секако 50 милиони долари се многу голема сума која треба да се исплати пред воопшто да се продаде еден единствен уред. Ова секако не е голем проблем за компании како Apple, HP, Dell кои на Intel или на другите производители би можеле да им дадат пари, но и да продолжат да заработуваат. Новите компании секако немаат волку комфорна позиција. Но можноста за подобра интеграција на процесорите со останатата технологија го тера на пример Apple сам да дизајнира процесори за своите телефони и таблет компјутери, а компанијата истото би можела наскоро да ги направи и со замена на Intel во MacBook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии