Што е Patreon и како им помага на креаторите на содржина

Дејан Соколоски

во Веб

Со над 150 000 креатори, Patreon e една од најпопуларните платформи за монетизирање на онлајн содржина. Веројатно поголем дел од читателите веќе знаат што е Patreon, но за секој случај ако не сте запознаени продолжете со текстот.

Што е Patreon?

Patreon е онлајн платформа, своевиден краудсорсинг сервис, која на своите корисници им овозможува да ја заработат од содржината која ја креираат. Со платформата креаторите можат на своите претплатници да им овозможат пристап до ексклузивна содржина, можност за креирање на заедница и слично. Дополнително можно е единствено да се поддржи креатор на содржина без никакви дополнителни бенефити.

Моделот на монетаризација е прилично едноставен. Љубителите се претплатуваат на содржина. Предност е што овие средства не се како пари од реклами за кој се потребни прегледи, туку веднаш му се достапни на креаторот. Еден дел од YouTube каналите дел од заработката ја добиваат од Patreon. Kurzgesagt, CrashCourse, CPG Grey се дел од популарните YouTube канали кои дел од заработката ја добиваат и од Patreon.

Идеја од ренесансните мецени

Благодарение на финансиите креаторите на содржина ќе можат во целост да се посветата на креирање на сопствена содржина. Идејата зад начинот на плаќање што е зад Patreon не е нова. Во минатото богати мецени ја поддржувале уметноста, и без нив делата на Вилијам Шекспир, Моцарт, Микеланџело, можеби и немаше да постојат. На пример семејството Медичи, Лудовико Сфорца и Чезаре Борџија се дел од поддржувачите на Леонардо да Винчи.

На Patreon принципот е речиси ист, со разлика што поддршката не доаѓа од еден богат покровител кој наеднаш ќе ги покрие трошоците за целиот проект, туку од стотици, па и илјадници поддржувачи кои „инвестираат“ во содржината која сакаат да ја гледаат.

Интернет е одлично место за споделување на содржина. Од кратки приказни, илустрации, видеа, подкасти до музика и што сè не. Заработката од оваа содржина за жал не е едноставна и голем дел од средствата креаторите треба да ги поделат со платформите на кои емитуваат како YouTube или Twitch.

Patreon го зафаќа токму овој простор и овозможува финансирање на „niche“ интернет субкултурата. Поддржувачите и фановите може да финансираат сè од музичари и забавна индустрија, па се до политички подкасти.

Малку историја за Patreon

Patreon е американска компанија која започна да работи во мај 2013. Основачи на компанијата се музичарот Џек Конте и девелоперот Сем Јам. Главен мотив за креирање на платформата беше обидот на Конте да проба да заработува од своите YouTube видеа.

Patreon започна со една обична пресметка на Џек Конте. Музичарот пресмета дека за видеото на кое веќе имаше потрошено 10 000 долари и три месеци ќе заработи 100 долари, и тоа под услов ако видеото за една година добие 1 милион прегледи.

Идејата дека ако барем од дел поддржувачите добие по 1 долар заработката ќе се промени значително. Со оваа идеја отиде кај својот поранешен цимер Сем Јам кој сега беше претприемач. Два месеци подоцна, во мај 2013 ја лансираа платформата.

Набрзо се покажа дека г. Конте погрешил. Не само што не добиваше некој долар повеќе по видео туку за неколку недели дојде до 4000 долари плус за секое видео. Во просек секој од поддржувачите донираше по 9 долари. Во „замена“ за ова покровителите имаа пристап до дополнителна содржина.

За нешто повеќе од 18 месеци, имаа 125 000 патрони, кои донираа над милион долари. Платформата во ноември 2014 го подели првиот милион на креаторите на содржина.

„Патронството има форма на ветување кое се повторува – заклетва дека ќе им плаќате на креаторите за нивните дела или месечно. Сумата на овие тековни ветувања сега е одржлива, за креаторите да од целиот свет да можат да добиваат плата. Во има на сите креатори на Patreon: ви благодариме патрони на вашата постојана поддршка. Вие сте причината поради која можеме да продолжиме да твориме“, беше пораката со која ја одбележаа оваа пригода.

На веб-страницата на Patreon може да прочитаме дека во моментов сервисот им помага во монетаризација на над 150 000 креатори на содржина.

patreon

Што добиваат поддржувачите на Patreon?

Веројатно најважно е што на креаторот на содржина чии подкаст или видео им се допаѓа му овозможуваат да снима нова содржина. Или ако станува збор за артист му овозможуваат да работи на дела кои потоа ќе може да ги сподели.

Придобивките често се симболични Пример пристап до епизоди порано или „препознавање“ на поддржувачите. Некој од креаторите на содржина споделуваат ексклузивна содржина со своите поддржувачи, понекогаш им испраќаат физички подароци и слично.

Parteon заработува од претплатите, но за разлика од некој други платформи процентот кој го земаат е симболичен. Постојат неколку нивоа на претплата кои овозможуваат различни алатки. Основното ниво за 5 отсто од заработката отвора специјализирана страница за авторот. Второто ниво на претплата овозможува различни нивоа на членство за поддржувачите, а последното ниво нуди и можност за физички награди за поддржувачите и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии