Што е Harlem Shake и зошто ова интернет меме го опседна светот?

Само што престанавме да играме Gangnam Style, се појави нов луд танцувачки феномен кој одеднаш го опфати интернетот. Се работи за Harlem Shake, оригинален танц од 80-тите со движења како пијаница, кој сега се враќа во живот со куп откачени видеа на YouTube во кои играат луѓе од различни професии, од војници, до цели американски студиа, Playboy девојки до универзитети, обични корисници и ликови од видео игри. Па ни Македонија не остана имуна на лудилото.

Проценка е дека Harlem Shake има над 44 милиони прегледи во првите две недели, но очекувајте таа бројка да скокне многу, многу бргу. Според YouTube, во последниве четири дена се закачени 12.000 Harlem Shake видеа. Искрено, за ова го обвинувам Gangnam Style кој е толку карактеристичен што натера куп луѓе да прават пародии на национални телевизии или преку аматерски YouTube видеа. Со танцот на Psy луѓето како да сватија дека самите се медиум, па побрзаа да го прифатат Harlem Shake за да се натпреваруваат меѓу себе на Интернет во тоа кој ќе направи покреативно и полудо видео.

Eве ги едни од најинтересните Harlem Shake видеа, првите две се од Македонија.

[youtube]dt5oMMf3qV8[/youtube]

[youtube]L2Zsc8Uz47o[/youtube]

[youtube]DABphlXEyW8[/youtube]

[youtube]nSJKz14LOWs[/youtube]

[youtube]QkNrSpqUr-E[/youtube]

[youtube]4hpEnLtqUDg[/youtube]

[youtube]cd8Fmh7nIrQ[/youtube]

[youtube]-oNouzHiQ70[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии