Што е Facebook Timeline?

Нов профил? Или нов начин да си ги сочувате спомените? И двата се позитивни одговори. На вчерашната f8 конференција Марк Закерберг го претстави Timeline објаснувајќи го како нов профил преку кој може да се истакнете вие самитe и да си ја раскажете приказната од почеток до крај. Налик на личен блог, но подруштвен и повизуелен.

Timeline, кој е прекрасно дизајниран со широки слики, автоматски се полни со фотографии, статуси и настани од вашата Facebook историја, креирајќи го како вид дневник за сите ваши активности. Во Timeline не се внесуваат сите информации, туку само тие кои се важни, пример слики или популарни статуси. Секако ќе може и да се контролира и истакнува содржината која се појавува на овие нови лични профили. Во Timeline се вклучени и апликациите кои се најмногу користени и историја на активностите со апликациите.

Новите профили благодарение на временската линија во својот дизајн потсеќаат на Tumblr блог. На почетокот од секој профил се наоѓа една голема фотографија која вие самите ја одбирате. Профилот сега е поделен на две половини, кои ги вклучуваат сите поважни работи кои ги имате споделено откако сте на Facebook. Двете половини се поделени со една вертикална линија на која има мали точки. Временската линија може да вклучува и години од вашиот живот кои се далеку пред Facebook. На секоја споделена содржина има иконка со ѕвезда која доколку се кликне, споделената содржина од една половина се проширува на цела страница.

Уште една поважна карактеристика која ја имаат новите профили е можноста да подесувате важни настани од вашиот живот. За да можете да ги споделите овие настани, полето за споделување сега е збогатено со 5 различни иконки кои означуваат: Работа и Образование, Семејство и Врски, Место на живеење, Здравје, и Искуства.

Подолу е видео од презентацијата од F8 за Timeline. Пред да се појави Марк Закерберг, на сцената се појавува комичарот Енди Самберг кој го имитира Закерберг и преставува лажни вести. Основачот на Facebook се појавува од 8-мата минута, а презентацијата за TimeLine трае до 33-та минута.

Како што му е функцијата така и Timeline има историја зад себе. Facebook го купи стартапот Drop.io за да го доведе во компанијата програмерот Николас Фелтон кој ги креирал Feltron Annual Reports, вели TechCrunch. На Facebook му се допаднала компактноста на овие извештаи, па затоа го вработува г. Фелтон чија работа е да ги редизајнира профилите за да се истакнува и старата содржина, да не се губи меѓу купиштата други споделувања. Се сеќавате на Memories опцијата? Тоа е првиот чекор од развивање на Timeline.

1 коментар на “Што е Facebook Timeline?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии