Што е „crowdsourcing“? (инфографик)

Во 2006-тата година за списанието Wired, Џеф Хове го дефинираше терминот „crowdsourcing“, кој претставува мешавина од термините „crowd“ (толпа) и „оutsourcing“ (aутсорсинг), како бизнис модел преку кој компаниите и организациите пласираат отворени повици пред интернет корисниците, со цел решавање на одреден проблем, најчесто во форма на натпревар или соработка.

Популарноста на овој бизнис модел се зголеми благодарение на новите технологии, кои овозможуваат онлајн учество и колаборација на интернет корисниците. Одредени задачи кои традиционално би се извршувале од поединец или компанија, преку концептот на crowdsourcing се делегираат (аутсорсираат) на група од луѓе или на цели заедници.

Токму затоа што се работи за отворени повици, преку crowdsourcing се идентификуваат најсоодветните профили (корисници) за извршување на задачите и решавање комплексни проблеми, кои се креативни и придонесуваат со релевантни и свежи идеи. Доколку моделот се користи правилно, компаниите ќе го добијат решението на проблемот, а учесниците ќе добијат признание за својот придонес.

Инфографикот кој следи, креиран од ObizMedia, преку примери, факти и податоци го објаснува концептот на crowdsourcing (што значи, од каде потекнува, како функционира и кои се неговите предности/слаби страни):

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии