Со Creative Commons апликацијата може да си ги заштитите вашите дела така што ќе може да си одберете лиценца за користење која најмногу ви одговора и да си ги промовирате делата. Односно ќе имате контрола врз нивното користење. Сепак, апликацијата се уште е во развој и не се знае како ќе функционира со правилата на Facebook. Тоа останува да видиме.

Creative Commons e релативно непознат концепт, концепт кој сеуште се разработува и промовира. Земајќи го тоа в предвид и бидејќи авторските права се важни, но истовремено и комплицирани, објавуваме водич за Creative Commons, односно што е CC, како ве штити, што е придобивката и како да ги лиценцирате вашите дела.

Што е Creative Commons?

Во дигиталнот свет споделувањето на содржината е секојдневие. Но често тоа споделување може да се нарече пиратерија бидејќи немате дозвола да споделите или да искористите нечија содржина. Без дозвола, вие ги прекршувате авторските права. Од друга страна доколку сте автор секогаш кога ќе направите авторско дело вие ги имате целосните права на тоа дело. Ако некој легално сака да ви ја искористи содржината, тогаш тој ќе треба да ве контактира и да добие дозвола од вас за да биде сé по законот.

А ако некој од Кина сака да ја искористи вашата фотографија тогаш ќе мора да ве контактира, без врска дали вие дозволувате тој да го искористи вашето дело. Дали тој знае англиски? Дали вие знаете кинески? Како ќе контактирате? Исто важи доколку сакате да искористите или споделите некое видео чиј автор е во Мексико? Знаете ли шпански? Кој му е е-маилот? …

Бидејќи споделувањето е лесно и брзо, корисниците често ги игнорираат правилата и со тоа сето тоа станува прекршување на легални норми, односно пиратерија. Според законите постои и нешто наречено „Фер користење“. Да го земам примерот на Кутиман. Toj направи музички видео албум од различни видеа на корисниците на YouTube. Многу беа незадоволни, други сакаа дел од парите доколку Кутиман заработи нешто. Тој во правењето на тој албум го искористи „фер користењето“ бидејќи тој ги наведе авторите на видеата и зеде дел од нив. Но според законите или алчноста на другите, како сакате наречете го, тој може да се најде пред многу судови доколку голем дел од луѓето планираат да го тужат или ако тој започне да го продава албумот кој што е негова идеја и негово дело, но со делови од туѓи видеа.

Луѓето од видеата на Kutiman ги објавиле своите дела на YouTube за да се покажат себе си, да се промовираат. Кутиман всушност им направил услуга, така? Но кој од тие луѓе сака да се промовира и сака неговото дело да биде споделено, а кој сака стрикно да си ги сочува своите авторски права. Требало ли Кутиман да контактира со стотина за да ги праша да искористи 3-4 секунди од нивното видео?

Авторските права се концепт дизајниран во свет каде што не постои споделување, туку презентирање. Денес во дигиталниот свет на YouTube секоја минута се закачува видео содржина со вкупно треање од 20 часа, содржина која е направена од корисниците и која се користи од корисниците. Авторските права сега не се само проблем на големите студија или издавачки куќи. Туку и на обичните индивидуални артисти, креатори. За да нема хаос и да биде се по правилата во игра се вклучуваат Creative Commons лиценците кои се начин вие да ја одбележите вашата содржина и да си ги поставите своите правила за нејзино користење. Доколку луѓето од видеото на Kутиман би ги навеле правата за користење на нивните видеа тогаш Кутиман ќе знаел чие видео да искористи, а чие не. И сите ќе беа среќни, без идеи за тужби или расправи за авторски права.

Со бесплатните Creative Commons лиценци можете да овозможите вашето дело, креација да биде достапно за споделување, за копирање, за обработување… Секако доколку сакате да си го чувате вашето дело само за вас тогаш тоа право го имате. Нормално, вашето дело сеуште е ваше. Вие ги држите сите права на тоа дело и мора да бидете наведени како автор, но со CC лиценцирање на делото вие ослободувате дел од тоа дело. Но доколку дозволувате вашата содржина да биде искористена тогаш искористете ги следниве CC лиценци.

Како до Creative Commons лиценца?

Едноставно кликнете тука и исполнете го прашалникот. Или бидејќи сега има апликација за Facebook тогаш доколку имате дела закачени на Facebook искористете ја апликацијата.

Се што треба за да ги информирате другите за лиценцата е да го поставите логото на Creative Commons покрај делото. Или доколку сакате да искористите некое дело, само погледнете во логото.

Дали CC лиценците се потребни?

Нормално, зависи како гледате на споделувањето на содржината. Но доколку сакате вашата содржина да биде споделена или пак да искористите туѓа содржина за ваш проект, а сакате да знаете дали авторот го дозволува тоа, тогаш Creative Commons лиценците се одлично нешто за да биде сé според правилата.

Тие се дизајнирани да помогнат во споделувањето и користењето на содржината заштитена со авторски права. Но Creative Commons лиценците не се над авторските права, туку само ги ослободуваат по желба на авторот.

Доколко имате прашања или барате повеќе информации тогаш искористете го „Често поставувани прашања“ делот од Creative Commons Македонија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии