Според Wikipedia: „Cloud computing е локациски независно работење, каде сервери кои се делат им овозможуваат ресурси, софтвер, и податоци на компјутери или други уреди кога ќе побараат, слично на електроснабдувањето.”

Infoworld предлага ваква дефиниција: „Cloud computing доаѓа на ум кога мислиме на тоа што ИТ секогаш требала: начин да го зголеми капацитетот или да додаде можности кога и се потребни без инвестирање во нова инфраструктура, тренирање нов персонал, или лиценцирање нов софтвер. Cloud computing ги опфаќа сите услуги базирани на претплата или за кои се плаќа за користење, во реално време преку интернет, а ги зголемуваат постоечките можности на ИТ.”

Или, поинаку речено, cloud computing е технологија која ќе им овозможи на корисниците да користат одредени апликации на било кој компјутер, без пред тоа да мора да инсталираат софтвер на својот компјутер.

Се што е потребно е интернет пристап.

За да темелно ги опфатиме сите делови на cloud computing и да ја добиеме вистинската слика што всушност е, можеби најдобро е да ги објасниме некои од неговите видови посебно, иако само накратко.

Saas

Software as a service. Ова е наједноставниот вид на cloud computing. Софтвер-како-услуга претставува една апликација која преку интернет прелистувачот стигнува до илјадници корисници. Бенефициите се обострани: на корисниците не им се потребни дополнителни ресурси и лиценцирање, а на оние кои ја овозможуваат апликацијата имаат само една апликација за одржување, па трошоците им се помали. Ова можеби звучи малку збунувачки, ама на ова објаснување му недостасува главниот дел: повеќестанарската (multitenant) архитектура. Оваа архитектура е основата на cloud computing. Се разликува од обичната едно-станарска архитектура по тоа што наместо да има посебна копија на софтверот на посебен сервер, има една копија на еден сервер која ја користат многу корисници за кои архитектурата има технологија да си ги дели на посебни партиции за да не се мешаат. Овие два начини на работа се сосема различни и за нив можете повеќе да прочитате овде.

Пример апликации се Google Aps. и Zoho, чие мото e карактеристично „Работи онлајн”!

Utility computing

Оваа идеја не е нова, но нејзината употреба е во пораст, особено во последно време преку IBM, SUN и Amazon.com, кои нудат вакви услуги. Овие услуги ги користат компании чии потреби не се толку критични, на кои им треба надополнување. Како што популарноста на овие виртуелизирани услуги и простор расте, се очекува дека можеби ваквиот начин на работа наместо дополнителен и суплементален да стане примарен начин на работа во компаниите.

Веб услуги во облакот

Ова е блиску поврзано со Saas. Ова е вид каде Интернетот е искористуван поради неговата функционалност. Пример се Google Maps. Всушност, овој начин носи дискретни бизнис услуги до корисникот, наместо да му ја пренесе целата апликација.

Има и некои други подвидови на cloud computing, и оваа гранка цело време се развива. Се очекува дека до 2020 година овој начин на работа онлајн ќе стане доминантен во светот, иако тоа не значи дека традиционалниот начин на работа ќе исчезне за брзо. Се повеќе и повеќе мали компании се одлучуваат да користат cloud computing кој им ги олеснува нивните трошоци, и се повеќе апликации се прават кои ја искористуваат функционалноста на интернетот до максимум.

2 коментари на “Што е cloud computing?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии