Што да правите доколку вашите лични податоци се злоупотребени на студентската листа

Надополнето @ 15.01 ч/19.јануари:

За да проверите дали сте на студентската листа, посетете го следниов линк:

https://www.it.mk/studentleaks/ 


Доколку добивте и-мејл од [email protected] со прилог Excel фајл во кој се наоѓаат вашите лични податоци, заедно со информации на уште стотици студенти, вие сте жртва на злоупотреба на лични податоци. Повеќе за развој на настаните околу оваа ситуација читајте во првичниот текст на следниов линк.

Во меѓувреме, итно треба да ги преземете следниве чекори:

    • Што содржи базата? Првин треба да знаете дека Excel-от ги содржи вашите следни лични податоци: ID – идентификациски број во базата во која сте се регистрирале, корисничко име, лозинка за истото, име, презиме, датум на раѓање, пол, личен и-мејл, адреса, град, фиксен телефонски број, мобилен број, универзитет и факултет на кој сте студирале, смерот, статус (недефинирано на што), која година на факултет сте биле во моментот на запис во базата, година кога сте завршиле факултет и дополнително засега неидентификувани колони како info и infoBSC.

 

    • Променете ги вашите лозинки. Бидејќи во Excel има лозинки кои се неенкриптирани и читливи, првиот чекор е веднаш да ја промените лозинката што ја користите на вашите лични и професионални и-мејлови, друштвени мрежи, Skype и други IM сервиси. Опасноста е дека луѓе кои имаат пристап до базата може да се обидат со истите лозинки да се логираат на најпопуларните сервиси и друштвени мрежи како Facebook, Instagram, SnapChat користејќи го личниот и-мејл кој е присутен во базата.

 

    • Дополнителна заштита. По промена на лозинката, сепак треба да преземете дополнителни чекори за да се осигурате дека нема да бидете жртва на дополнителни злоупотреби бидејќи базата исто го содржи и датумот на раѓање кој доста платформи го користат во процесот за ресетирање на лозинка. Овозможете дополнителна верификација преку СМС код на сервисите што ги користите. Инструкции за овозможување на 2FA (2 factor authorization) на најпопуларните платформи ќе пронајдете тука:

       

    • Дознајте ги вашите законски права. Добро ги прочитајте вашите законски права на сајтот на Дирекција за заштита на личните податоци.

 

 

    • Реагирајте. Испратете претставка до Машински факултет, со барање за објаснување зошто вашите лични податоци не се заштитени, зошто лозинките не се енкриптирани и што ќе преземе факултетот за понатамошна заштита.

 

2 коментари на “Што да правите доколку вашите лични податоци се злоупотребени на студентската листа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии