Започна најголемиот саем за видеоигри E3 2014

Најголемиот саем за видеоигри E3 беше традиционално отворен со презентациите на „големите“ – Microsoft и Sony, по што следеа презентациите на дел од издавачите од кои најголеми се EA Games и Ubisoft. Можеби најпријатното изненадување доаѓа од малечкото независно студио Hello Games кои ја презентираа научно фантастичната игра No Man’s Sky. Играта им овозможува на играчите борби во вселена, но и истражување на планети, и е инспирирана од делата на култните научно-фантастични писатели Исак Асимов и Артур Кларк.

[youtube]nLtmEjqzg7M[/youtube]

Тоа што оваа година ја одбележа презентацијата е недостатокот на хардвер. Ова сепак не е лоша вест со оглед на тоа дека компаниите презентираа куп игри, меѓу кои Rise of Tomb Raider, The Witcher 3, Assassin’s Creed Unity, Call Of Duty: Advanced Warfare се само дел од игрите кои можевме да ги видиме на пресконференцијата на Microsoft. Едно од најпријатните изненадување е презентацијата на Xbox One инди-видеоигри кои досега немаа место на првиот ден на саемот.

Sony слична како и Microsoft се посвети на презентација на игрите на својата конференција, со тоа што компанијата на кратко го спомна Project Morpheus, кој овој пат со неколку нови игри кои посетителите на саемот ќе можат да ги пробаат. Добра вест е што една од најдобрите point-and-click авантури Grim Fandango ќе биде преработена за PlayStation 4; Dead Island 2 е најавена, а играчите на PS 4 ќе имаат можност први да ја пробаат и Far Cry 4.

[youtube]3DBrG2YjqQA[/youtube]
[youtube]iJmiGJJwKvY[/youtube]

Electronic Arts презентираше куп игри, меѓу нив и Battlefield: Hardline која е една од игрите која не само што е презентирана, туку и започнува со бета. Второто продолжение на Mirror’s Edge е најавено за 2015 година; Mass Effect 4 и Dragon Age: Inquisition доаѓаат подоцна. EA Games кој ја има лиценцата за Star Wars видео игри, ги остави Dice да ја презентираат слетната Star Wars игра Battlefront.

[youtube]2yKv45X_OIo[/youtube]

Минатата година Ubisoft ја презентираше Watch Dogs, па голем дел од гејмерите ги интересираше што овојпат ќе презентира компаниката. Ubisoft на Е3 дојде со Far Cry 4, Rainbow Six Siege, The Crew, Tom Clancy Division, The Crew и се разбира Assasin’s Creed. Добра вест доаѓа од RockStar Games компанијата конечно и официјално објави дека Grand Theft Auto 5 наесен доаѓа на новата генерација на конзоли и за PC! Alienware го искористи саемот конечно да ги презентира Steam Machines. Компанијата се одлучи својата конзола да ја издаде во 2014 година, откако Valve најави дела ги поместува своите конзоли за 2015 година. Цената на Steam Machine од Alienware е 550 долари.

Е3 ќе трае до 12 јуни, а без сомневање до тогаш ќе имаме можност да видиме уште интересни игри и можеби некој интересен хардвер.
.
[youtube]wzBJPOcmke0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии