Што би купиле со ваучерите за студенти од 250 евра?

Иако тешко дека некој сериозно мисли дека ќе може да се најде добар лаптоп или десктоп компјутер за цена од 15.000 денари, сепак толку доделува владата за студентите кои се социјални случаи и студентите со специјални потреби. Разгледавме нив македонските продавници и najevtino.mk што може да се купи за тие 250 евра и направивме листа на најдоброто.

Таблет Комјутери

Кинескиот ST RK97 e 10-инчен таблет, со IPS-екран и резолуција 1024×768 има слободен просотор од 16GB и Android 4.0 оперативен систем. Процесорот е RockChip кој се прослави во „кинеската верзија“ на iPad 2. Уредот има и 1GB меморија. Цената на уредот е 14.000 денари, а дистрибутер е SET.

И вториот таблет кој го препорачуваме е од SET, и е најверојатно најдобриот уред кој може да го најдете за цена под 250 евра – Nexus 7, исто така чини 14.000 денари, a варијантата со 32 GB простор е 14,500. Не е за занемарување ниту гаранцијата која кај ST RK97 е 350 дена, а кај Nexus 730 дена.

Лаптопи и ноутбук

Лаптоп и нетбук делот опфаќа повеќе ноутбук отколку лаптоп комјутери што е и разбирливо со оглед на тоа дека и средно квалитетен лаптоп е над 25.000 денари.

Аsus X401U-WX009 е 14-инчен нетбук со Ontario дво-јадрен процесор на 1.33GHz, хард диск од 320GB и 2GB RAM. Цената му е од  14.000 денари во AMC до 15.500 денари во DDstore. Ноутбукот на HP 635 можете да го најдете во Anhoch и чини 15.480 денари. Има двојадрен AMD Е300 процесор  на 1.3 GHz ,1МВ cashе. Екранот е 15,6-инчи, а доаѓа со 320 GB хард диск и 2 GB DDR 3 меморија. Графичките карти во речиси сите уреди се од 62хх-63хх AMD Radeon.

Acer Aspire One D270 е 10.1 инчен нетбук со Intel Atom N2600 процесор и со 1GB DDR3 RAM и 320GB хард диск. Се продава во DDStore за цена од 14.419 денари.

Десктоп

Во зависност од намената за која планирате да го користите комјутерот најверојатно и ќе можете да најдете подобри конфигурации од препорачаните, иако наоѓање на компјутер кој би бил доволно моќен за гејминг е надвор од веројатноста.

Ако веќе имате монитор DDStore нуди i3-550 3.2GHz, 4GB DDR 3  и 500GB хард диск. Цената на комјутерот е 15,000 денари, но доаѓа без монитор. АМЦ нуди Athlon II 2 250 двојадрен процесор, so 2GB DDR 3 меморија, 500GB хард диск и nVidia GT210 графичка карта за 14,690 денари. Цената на мониторите е над 2.000 денари за жал при купувањето со ваучер ќе мора да ги земете сите продукти од исто место.

Една од ретките конфигурации која доаѓа со монитор е од Advance Media. За жал конфигурацијата е со Celeron процесор. 2GB DDR 3, интегрирана графичка карта, 500 GB хард диск и 19-инчен монитор. Цената на конфигурацијата е 14390 денари. IT Market продава Celeron G440 со 2GB DDR3 и 500GB хард диск за 11.280 денари. Мултиграф компјутери имаат понуда за G530 процесор, 2GB DDR3 и 500 GB хард диск за 11.290 денари. Интересна понуда имаат Set и DDStore за мини PC, Asrock S330 со Intel двојадрен Atom процесор за 12,955. Зa краj ЕМИ Медиа нуди Celeron G630 , 4GB DDR3, интегрирана графичка карта и 500 GB хард диск za 12.400 денари.

Не сите компании немаат објавено на страната дали цените на продуктите се со вклучен ддв, иако освен да се прикаже впечаток на пониска цена од конкуренцијата, нема причина за невклучување на данокот. Поради ова цените на некои од комјутерите можеби ќе ја пробијат границата од 15.500 денари.

Што би одбрал IT.com.mk?

Некако се согласивме дека таблет компјутер, поточно Nexus 7 е можеби најдоброто решение за тие пари. Препораката ни е за Nexus 7 со 32GB простор, посебно затоа што тоа е единствениот продукт кој ја заслужува цената и за разлика од останатите не фаќа прашина во магацините на продавниците кои сега сакаат да се откачат од постарите продукти.

*Сепак дискутиравме со форумџиите на форумот на It.com.mk кои е апсолутно против купување таблет компјутер. Ако имате искуство или мислење слободно споделете го на форумот.

Бидејќи се работи за студенти би требало  да се фокусираме на продуктивност, односно во Android апликации за функционалност, друштвени мрежи наспроти веб апликации достапни преку ноутбук. Мобилноста е исто така клуч при изборот. Таблет компјутерот е лесен, а ноутбукот малку потежок, додека десктоп компјутер е надвор од прашање. Дополнително, можеби има повеќе забава на Аndroid уред, пред се бидејќи има повеќе Android игри од игри кои можат да работата на ноутбук.

Сепак Nexus 7 е малку ограничувачки пример во работата со фајлови типични за студенти, пример едитирање на pdf документи, разни формати на документи (иако Google Docs е добро решение), прецентации и други апликации кои се користата во образованието, кои често не се оптимизирани за таблет компјутер. Секако со таблет компјутер ќе треба да имате WiFi приклучување за да може да го искористите целиот потенцијал.

19 коментари на “Што би купиле со ваучерите за студенти од 250 евра?

  1. И јас мислам дека е промашена препроаката за таблет. Катаљарда пати подобро решение е смартфон. Нека си доплатат тие социјалците по 5-10К денари и нека си купат по еден добар смартфон. Ја има истата функционалност како таблетот, а воедно е многу помал, батеријата му трае подолго, може да се разговара на него и, најбитно, пред се тоа е статусна играчка. Не е сеедно ако на маса во студентското бифе извадиш некоја мобиљка од времето на Исус или модерен ала-телевизор смартфон на кој порките можеш да ги гледаш во ХД резолуција со сите детали на акцијата.

    1. Гледаш некоја разлика помеѓу смартфон и таблет? Таблетот има поголем екран и неговата примарна улога не е за муабетење. Целосно е извртена сликата за таблетот, како и за смартфонот. Меѓутоа, ако јас како студент, би одбирал помеѓу таблет и ноутбук / лап топ, нормално ова второво ми е ем мобилно, ем попрактично.
      Позз

  2. Чудно е како поголем дел од коментарите се за десктоп компјутер, немобилно лошо решение кое по една година ќе ја изгуби вредноста комплетно. Барем да посочевте ноутбук или лаптоп.

    1. Прогноза од мал мозок.

      Морам да ви кажам, иако знам дека ќе демонстрирате македонски комплекс на недавање слобода за различно размислување, па пак ќе ми го избришете коментарот.

  3. Пиперки за ајвар. Супер инвестиција. Можеш да направиш домашен ајвар, и да го шиткаш по луѓе па да заработиш пари за да земеш некој нормален компјутер, каков што нема да најдеш за 250 евра.

  4. Вистина препораката од авторот е без памет… таблет компјутер било подобро од десктоп !!! Па секој нормален прво треба да купи десктоп, а потоа таблет, како што кажа некој, да заврши работа на отворено и пред се да се ку*чиш со него низ град. Одозгора на тоа, препорачува Nexus, кога за поефтини пари има сосема солидни 10" од кинеските, со исти перформанси ! Баш би сакал да видам како тоа ја спрема он статијава на еден 7" Nexus ! На десктоп е 10 пати поудобно и попродуктивно да ја сработиш таа работа !

  5. Јас мислам дека темата воопшто не е промашена туку напротив, ептен е актуелна, но предлогот за таблет е навистина промашен.
    Со оглед на тоа што целната група за ваучерите се студенти од социјално загрозени семејства би требало да Ви е повеќе од јасно дека ним им треба алатка која ќе им помогне во текот на студирањето а не гејминг машина ниту пак некој гаџет кој нема да може да им помогне во целост т.е нема да може да сработат баш се што ќе им треба. Еве би му предложил на авторот да се обиде на таблет да напише еден семинарски труд или есеј и да направи една презентација од типот на power point (може и со некој алтернативен софтвер) … Да не зборуваме за спремање на испит од студиски материјали што се во електронски облик и што мора да се читаат на екран со дијагонала од 7 или 8 инчи.

    1. Една исправка
      Ваучерите ги добиваат студенти кои се во последна година студии, значи на студенти кои веќе ги завршуваат студиите. Дел од статиите се напишани на таблет (вистина 10-инчен).

      Е сега, можеби текстот требаше да препорачува уреди според универзитетите со оглед на тоа дека студентите од технички факултети и тие од општесвени науки вистина имаат различни потреби.

      Конфигурации од 17.000 денари не се опфатени бидејќи тоа би значело дека студентите треба да доплатат над 10 отсто од месечните примања.

      Ноутбук, лаптоп и таблет комјутерите имаат една огромна предност конективност на интернет преку хотспот, што е битна карактериска имајќи во предвид дека интернет услугите ќе го оптоварат буџетот на корисниците на ваучерот.

      Конечно целта на проектот е да им се помогне на социјално загрозените, а не на компаниите да ги продадат конфигурациите кои биле застарени лани.

      Поздрав
      Дејан

      1. Сега ми е јасно зашто секоја статија која ја има на ИТ.мк е полна со печатни грешки.

  6. промашена статија
    се помага на загрозена група граѓани која компјутерот им е потреба а не играчка и гејминг.
    каде бре вие тоа живеете?
    десктоп за тие пари е тоа што се препорачува. или некој нетбук/ноутбук.
    треба да може да подржи убубунту/виндоус.
    каде сте одлетале со андроид?
    што вие би купиле ако имате 15.000 за фрлање е едно, што дечките што им треба КОМПЈУТЕР ЗА РАБОТА, а неможат да си го приуштат е друго.

    волку промашен заклучок на вака добра тема не очекував на ит.ком.мк

    1. Зошто промашен заклучок? Nexus 7 e топ производ претставен од пред неколку месеци т.е. 32ГБ верзијата за помалку од месец.

      1. Дали сакаш да купиш некоја конфигурација која за неколку месеци ќе биде излишна, посебно десктоп кој не е мобилен? Или сакаш да купиш топ производ кој ќе го користиш во наредните неколку години?

      2. Android има 600.000 апликации. Голем број се за продуктивност. Android е на Google, што значи бесплатен веб софтвер како Google Docs, Gmail, интеграции со Facebook, TWitter, веб складишта како Dropbox… Можеби нема Autocad или Photoshop, но сепак зборуваме за општо користење и најголема вредност за парите.

      3. Повели дај решение според тебе.

      Дополнително, во тек е е-Општество 2012 (може да ја гледаш тука – vozivo.mk) чија тема е отворено образование. Погледај и ќе видиш како таблет компјутерот игра клучна улога во образованито.

      1. Таблет е супер играчка, пред се играчка. Дополна за десктоп или негова замена додека си „на отворено“. Но треба да се сработи нешто. Комплетно сте ја утнале темата. Ваучерите се за соццијално загрозени. Нив им треба компјутер. На 7 инча нема да се сработи некоја работа. Тоа ќе ти помогне некаде нешто, но нема да биде решение.

        Пробај напиши дипломска на таблет. Нека има доста ексел пресметки во дипломската.
        Не иде? ДА, оти таблет замена за тефтер, никако замена за компјутер. Топ производ сака да купи секој, ама нема секој пари за топ производи. Луѓето со тие ваучери им треба практичност. Најдобар совет би бил десктоп за тие што студираат во градовите каде што живеат и нетбук/лаптоп за тие што студираат надвор од местата каде што живеат.

        Остатокот од темата со прикажување на конфигурации е сосем ок.
        По мене… лаптоп за 16-17.000 денари има по продавнициве. Тој што ќе даде најдобра понуда (пример + гаранција и + торбица) е најдобрата понуда за ваучерот.

        Конфигурација излишна за неколку месеци?? Па не е за играње (гејминг- хаха). Се работи за алатка за работа.

        Компарација:
        Ако има ваучер за земјоделски алат, наместо трактор или мотокултиватор, ќе понудиш висококвалитетно швајцарско ноже кое нема да губи на вредност и ќе биде супер за тие пари. Врши работа тоа, ама ништо не сработува, воедно тотално ја промашува целната група

      2. Зошто мислиш дека таблет е играчка?

        Имаш пристап до имејл, друштвени мрежи, Skype и други алатки за да комуницираш. Имаш Google Docs и други апликации за колаборативно уредување на документи во реално време. Вклучувајќи и пресметките во Ексел. И мобилен е можат да го носат со себе каде и да одат, па и на факултет. Можат да префрлуваат фајлови, да складираат, можат да имаат видео, аудио….

        не сфаќам зошто тапа десктоп PC e попрактичен од топ таблет? Тоа што „се за социјални загрозени“ значи дека треба да им препорачаме компјутер кој другите никогаш не би го купиле?

      3. Проблемот на статијата е што акцентот е ставен на таблет компјутерите и на крај е препорачан таблет компјутер, кој што доколку се користи како единствена технолошка алатка кај студент без лаптоп е доста нефунцкионално решение.

        Зошто нефункционално? Неможеш да изработуваш есеи/семинарски/домашни задачи на таблет. Апсолвент на физика со намера на пример да магистрира треба да работи во Mathematica (целосната верзија, не Wolfram Alpha) и MATLAB. Тие никогаш нема да ги видиш на Android таблет. Апсолвент на правен факултет/новинарство ќе треба да пишува и да едитира напредно во Office апликации, не верувам дека Google Docs за таблет е доволен (си го користел ли воопшто да видиш колку е за никаде во споредба со GDocs за компјутер?). И така натаму, многу примери би требало да ти текнат. Excel неможеш да го споредиш со Google Docs, за жал. Милион работи недостасуваат во GDOcs. А презентации како ќе прави студентот без PowerPoint или LibreOffice Impress? На таблет ли?

        Не ми се објаснува што се користи еден студент а што неможе да се направи на таблет, без помошен компјутер.

        Нетбук е милијарда пати покорисен за студент што нема компјутер, или има некој слаб десктоп/лаптоп компјутер по дома, неможеш никого да убедиш во другото. Статијата и идејата за неа е одлична мислам, ама заклучокот за таблет е тапа.

      4. Се согласвам со муабето на Миладин.
        Абе то се студенти бе, ќе му требаат и AutoCAD, CorelDRAW, Photoshop и сл. тракатанци за работење/учење, а не да игра енгри брдц!!!
        И да, и јас размислувам да си купам таблет….ама јаска не сум студент, на работа имам десктоп, дома лаптоп, телефон со андроид и симбиан, земам плата и таблето ќе ми биди како придружна алатка, нешто како надополнување на сето погоре спомнато….и праѓање колку навистина ќе биди надополнување, бидејќи и така супер си функционирам без него…
        Значи, муабето ми беше: таблет како главен компјутер(за студенти)-нема шанси!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии