Штедливиот туш Nebia кој го поддржаа Ерик Шмит и Тим Кук со нова Kicstarter кампања

Технологијата понекогаш овозможува креирање на нови уреди и искуства, но понекогаш помага на веќе постечките уреди кои ги користиме секојдневно. Ова е случај со стартапот Nebia кој ја искористи технологијата за креирање на нов  модерен туш. Тушот помага за заштеда на водата, а веќе на почетокот доби поддршка од Тим Кук и Ерик Шмит.

Разликата е во тоа што Nebia ја распрснува водата на најситни капки. Благодарение на ова со водата покрива 10 пати поголема површина. Со овој туш се троши 70 отсто помалку вода, и благодарение на ова тушот се исплаќа релативно брзо. Зад штедливате работа на тушот нема некаков софтвер, едноставно станува збор за механичка изработка која го овозможува сите придобивки.

Во моментов креаторите на тушот се во нова Kickstarter кампања за нов модел и како дел од маркетингот имаат изработена туш кабина која може да ја искористат посетителите на канцелариите. За своето искуство со Nebia пишува Ким Лесвиг од CNBC.

Ова не е вообичаен туш – ја распрснува водата наместо да ја истура врз вас. Париси-Амон препорачува да ја пуштите да работи и да се направи магла една минута пред да влезете. Ниската топлина е честа поплака со таканаречените тушеви со слаб проток. Можев да ги прилагодам аголот и висината на главата за туширање, приближувајќи го до мојата глава за потопол, поинтензивен туш. Дефинитивно беше доволно топло за мене, а јас сакам топла вода кога се туширам.

Секако најголем недостатокот на тушот е високата цена која треба да се исплати наеднаш при купувањето на тушот. Nebia чини 200 и 500 долари што е над 10 пари поскапо од стандардните тушеви кои се продаваат на истите пазари со него.

Веројатно она што најмногу ќе им се допадне на корисниците и на сите кои се подготвуваат за кампањата оваа година е подготвеноста на компанијата да ги слуша советите и коментарите на потенцијалните купувачи. Ова е и една од причините поради кои и во овој случај се одлучија за Kickstarter.

„Ова е неверојатен начин да претставите нова идеја пред светот. Ги добивате сите овие луѓе кои се интересираат за нешто ново, и ќе ве поддржат, но ќе добиете и фидбек“, вели Филип Винтер ко-основач и претседател на Nebia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии