Шпионскиот софтвер на Hacking Team користи zero-day пропуст во Adobe Flash

Се чини дека инсталирањето на Adobe Flash Player на вашиот компјутер е како да им отворате врата на злонамерните корисници за поедноставно да стигнат до вашите податоци. Веста доаѓа од неодмнешнот хак на контравезната италијанска компанија Hacking Team во кој се споделени 400GB податоци.

Податоците кои ги сподели Wikileaks покажуваат дека софтверот на Hacking Team, со кој се шпионира и следи комуникацијата, користи безбедносен пропуст во Adobe Flash Player за кој во моментов сè уште нема закрпа. Тој пропуст во Flash најверојатно се користи за активирање на малициозен софтвер. Според податиците на PCWorld, Hacking Team го користел безбедносниот пропуст во својот софтвер, а со негова помош клиентите, често разузнавачки агенции, можеле да го инсталираат Remote Control System (RCS).

За сега е непознато дали пропустот е креиран од Hacking Team или го купиле од некој од останатите хакери. Тоа што без сомневање е за осуда е користењето на компании на вакви безбедносни пропусти со тоа правејќи го интернет небезбеден, наместо ова компаниите кои работат легитимно и владините агенции би требало да ги заштитат корисниците пријавувајќи ги пропустите, а не да работат на нивна експлоатација.

Во моментов нема закрпа за последниот објавен пропуст. Adobe ја потврди веста и најави закрпа за оваа недела.

Италијанската компанија Hacking Team минатата недела ги полнеше страните на дел од македонските медиуми, откако во дел од објавените податоци на Wikileaks беа споменати: Дирекцијата за контраразузнавање и безбедност, Македонската царина и Министерството за внатрешни работи.

2 коментари на “Шпионскиот софтвер на Hacking Team користи zero-day пропуст во Adobe Flash

  1. Google nema nisto so hacking team, tuku tie go koristuvaat manata na adobe flash player.
    Po bezbeden nacin e da go napravete vasiot browser da podigne plugin , so zemajki predvid i flash playeror, samo na klik koga sakate vie i kade sakate vie. Eve procedurata:
    Chrome based browsers: Customize > Settings > Show advanced settings > Privacy > Content Settings > Plugins > izberi “Let me choose when to run plugin content > klikni Done.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии