Шпионски софтвер кој се маскира како Firefox е забележан во Македонија

Истражувачи од Citizen Group, проект поддржан од Универзитетот на Торонто со кој се истражува технологијата и човековото право, открија дека софтверот за набљудување FinFisher се маскира како Firefox, а FinFisher Command & Control серверите се забележани во неколку нови земји меѓу кои и Македонија, пишува Mozilla.mk. Софтверот е на британската компанија Gamma International против која Mozilla веднаш поднесе барање да престане со злоупотребата на нивниот продукт.

Истражувачите велат дека софтверот на Gamma се користи од владини агенции за да мониторираат и добијат контрола врз компјутерите на активисти. Последните такви активности биле забележани во Бахраин и Етиопија, а според новиот извештај FinFisher Command & Control сервери се забележани уште во 11 нови земји (од вкупно 39): Унгарија, Турција, Романија, Панама, Литванија, Македонија, Јужна Африка, Пакистан, Бугарија, Австрија и Нигерија.

„Тоа што е интересно е што гледаме специфичен пример на нешто што личи на малициозен софтвер, функционира како малициозен софтвер, но се продава од комерцијална компанија. Тука и станува интересно, бидејќи можете да побарате од нив да престанат со таа пракса.“, вели Морган Маркис-Боир, безбедносен инжинер во Citizen Lab и Google, за Wired.

Според Mozilla, овој софтвер за набљудување не е поврзан со било кој нивен продукт, ниту со Firefox, на начинот на кој се инсталира на корисничките компјутери и мобилни телефони. Само брендот и логото на Mozilla е злоупотребено за да се скрие шпионскиот софтвер.

Подолу е слика за описот на FinFisher фајлот од Гамма спореден со оригиналниот опис на Firefox за Windows.

4 коментари на “Шпионски софтвер кој се маскира како Firefox е забележан во Македонија

  1. А ќе прати ли некој барање за слободен пристап до информации до МВР за инсталацијата на FinFisher од Gamma најдена во Македонија?

  2. Насловот е малку misleading. Софтверот што е забележан тука е серверот. Тоа што се дистрибуира меѓу корисниците што се маскира ако firefox уште не е најдено овде.

    1. Поправено е во текстот, но насловот вака е појасен. Текстот и линковите треба да ја раскажат приказната. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии