Шпанците воведоа Закон против интернет пиратерија под притисок од САД

Шпанската влада дозволи воведување на нов закон кој ќе блогира сајтови кои споделуваат пиратска содржина. Познат како Sinde Law, законот ќе дозволи да се креира владин орган кој ќе има слобода да ги принуди интернет провајдерите да блокираат сајтови. Таа комисија за авторски права ќе одредува дали или не треба да се спроведат акции против пријавените сајтови, кои потоа ќе бидат дадени на суд и на крај блокирани. Целата процедура ќе биде завршена во период од 10 дена.

Според шпанската влада, овој закон е потребен за да бидат во тек од интернационалната борба против пиратеријата. Но, тоа што ја прави шпанската одлучност контроверзна, е откритието дека делегати од САД вршеле притисок врз шпанските власти за воведување на ваков закон.

Во писмо од американскиот амбасадор во Шпанија, Ален Д. Соломонт, до до канцелариите на шпанскиот премиер, Мариано Бреј, објавено од ElPais, се вели дека амбасадорот е „загрижен“ што не се воспоставил закон против пиратерија. Во писмото, испратено и до шпанскиот министер за култура Ангелес Гонзалез-Синде, според кого е крстен и законот против пиратерија, се вели дека Шпанија веќе е додадена во годишниот извештај Special 301 кој им служи на американските власти за дефинирање на „бариери во трговијата“ основани на проблеми со авторските права.

Се чини дека САД сакаат практични примери и поддршка од Европа пред самите да се ангажираат околу таков закон. Во САД моментално се води жестока дебата за Stop Online Piracy Act, закон кој ќе дозволи на властите да им наредат на интернет провајдерите да гасат сајтови кои споделуваат пиратска содржина. Против овој закон се спротиставија еден куп интернет гиганти, како и корисниците кои успеаја да предомислат одредени компании да го поддржат законот. Се чини дека за SOPA лобираат само големите холивудски студија и музичката индустрија кои трпат најголема штета од пиратеријата.

Слични закони против пиратерија лани се воведоа во Франција и Британија. Францускиот HADOPI закон се покажа како контроверзен бидејќи првично беше замислено да се исклучуваат корисниците од интернет по само три опомени. До сега во Франција се пратени скоро 500.000 опомени преку имејл, а 20.000 корисници добиле втора опомена преку пошта. Во Британија пак, се крчка Digital Economy Act кој им дава моќ на издавачите на содржини да побараат од провајдерите да блокираат пиратски сајтови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии