Шпанските протести за економски права и моќта на Интернетот

Протестите против социјалната и економската нееднаквост, кои пред еден месец под името Occupy Wall Street започнаа да се одржуваат во Њу Јорк, благодарение на интернетот како молња се раширија низ целиот свет, мотивирајќи ги луѓето да го кренат својот глас против лошо водената економија, против алчноста на корпорациите и нивното влијание врз владите низ светот.

Интересно е тоа што пред да почнат протестите во Њу Јорк, во Израел беа организирани протести каде повеќе од 400.000 израелци излегоа на улиците. Но, оваа движење ширум светот против нееднаквост започна многу порано, уште на 15 мај во Шпанија.

Во Шпанија моментално има движење наречено Indignados, кое во превод значи „бес“, и кое веќе неколку месеци организира протести против лошите политики на влада кои ги лишат младите од правото за подобра иднина. Првиот протест, набрзина организиран на 15 Мај, недела пред локалните избори во Шпанија, доведе до тоа да се развие цела организација поделена на локални собранија, кои се собираат секоја недела да дискутираат, дебатираат и да гласаат за идни акции. Тие собранија потоа се поделени на комисии, помали работилници кои разработуваат одредени теми како економија или екологија. Секоја идеја и напредок потоа се претставува на неделните собранија, се прави предлог, за кој потоа се гласа.

Собранијата се јадрото на ова движење, меѓутоа интернетот е најодговорната причина за нивниот толку брз раст. Според Јон Агире, член на Democracia Real Ya (Вистинска Демократија  Сега) целото движење е координирано преку интернет. Поради неможноста да се верува во традиционалните медиуми, тие го користат интернетот како алтернативен извор на вести кои ќе им помогне да ја пренесат својата порака на што повеќе луѓе. Групата Democracia Real Ya моментално има 420.000 подржувачи на Facebook, како и 100.000 следбеници на Twitter.

Според Мигуел Арана, член на Комисијата за Интернационално ширење, една од поголемите структури одговорна за поврзување со други движења низ светот, интернетот е алатка без која ова движење не би успеало. Не сакајќи да се потпрат на големите компании како Facebook, имаат креирано своја беслатна друштвена мрежа за револуционери, наречена N-1. На оваа друштвена мрежа корисниците имаат пристап до онлајн работилници, викија, документи, простор за закачување документи, мејлинг листи за комуникација, буквално се’ за успешно водење на ова движење.

Покрај друштвената мрежа N-1, креирани се и други веб сајтови за полесно функционирање, како што е сајтот Propose (Предлагам), каде можат да се даваат предлози, како и да се дискутираат и гласаат други предлози. На веб сајтот Take the Square.net има совети како да се препознае полицаец во цивилка, како и тоа кои права ги имаат оние што протестираат. Веб сајтот Toma la Plaza дава информации за протестите во други градови, додека веб сајтот Agoras е друштвен форум, како и сајт за вести. За во иднина се планира и веб сајт Oiga.me (Слушај ме), кој ќе биде користен за да се праќаат пораки на партиски претставници.

Уште еден интересен сајт на ова движење е Stop Desahucios (Стоп Иселување), кој има за цел да им помага на оние семејства кои насилно се иселувани од своите домови. Според шпанските закони, доколку се блокира иселувањето тогаш рокот се продолжува за три месеци. Затоа протестантите го користат Stop Desahucios, изграден врз Usahidi платформата, и преку геолокализација организираат протести пред секој дом кој треба да биде исчистен од своите сопственици. Секој може да пополни формулар на веб сајтот, и доколку се потврди дека е вистински случај, тогаш се закачуваат информации на мапата, и се испраќа порака на огромна мејлинг листа.

Благодарение на Интернетот целиот свет е кренат на нозе, барајќи економска еднаквост и борејќи се против корпоративните влади.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии