Шпанските медиумите жалат за агрегаторот на Google

Во ноември Шпанија донесе закон со кој мислеше дека ќе ги заштити медиумите, државата водеде данок на Google, а компанијата како последица од ова го направи најрадикалниот потег и престана да ги агрегира вестите од оваа држава.

Но, Шпанската асоцијација на издавачите на периодични изданија побара економска анализа по повлекувањето на Google, а резултатите најверојатно не изненадуваат никого. Заминувањето на Google не е штетно само за медиумите, туку и за иновациите. Уверувањата дека пребарувачот им презема содржини и публика, се покажаа потполно погрешни, а корисниците потешко ги наоѓаа и оригиналните содржини, па на крај во ситуацијата губат сите – и медиумите и читателите на кои им е потешко да скокаат од сајт на сајт. Најпогодени од законот се помалите портали кои најголем дел од посетителите ги добиваат токму преку Google, поради страв од последици од санкции од законот, заедно со Google затворени се и повеќе локални агрегатори: Planeta Ludico, NiagaRank, InfoAliment и Multifriki ги прекинаа услугите, јави Techdirt.

„Едноставна анализа на интернет сообраќајот направена во првите три месеци на 2015, а се поткрепени и со податоците на ComScore. Последиците од затворање на Google News и другите агрегатори доведе до пад на бројот на посетители на 84 од шпански весници кои се присутни онлајн. Подетална анализа покажува во зависност од големината на медиумот покажува дека ефектите не се еднакви. Малите онлај весници во Шпанија се најзафатени од последиците“, се вели во извештајот.

Се чини дека единствен резултат од законот е зацврстување на позицијата на големите медиумски куќи во Шпанија, на сметка на помалите портали. Ова можеби и била првичната замисла на медиумите, но тешко веројатно е дека и законодавците имале иста идеја, па нема да изненади доколку под притисок на економските показатели законот биде повлечен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии