Шпанските линуксаши го тужат Microsoft

Откако на почетокот на месецот Европската Унија го казни Microsoft со 561 милиони евра, бидејќи на корисниците не им овозможуваше избирање на алтернатива за прелистувач, сега HispaLinux се жали на комплицираност на UEFI Secure Boot.

Имено, Шпанската GNU/Linux и слободен софтвер заедница поднесе тужба против Microsoft, бидејќи прилично го закомплицирала начинот на кој корисниците со UEFI Secure Boot лесно ќе може да се префрлат на Linux или некој друг оперативен систем.

Тие во својата тужба наведуваат дека корисниците мора да бараат клуч за инсталација на другиот оперативен систем, па истакнуваат дека сето тоа е против пазарното натпреварување и дека е лошо за корисниците и европската софтверска индустрија.

Од ЕУ сè уште немаат коментирано, додека од Microsoft истакнуваат дека UEFI е индустриски стандард чија цел е да ја подобри безбедноста на компјутерот. Исто така, истакнуваат дека се отворени за да одговорат на некои дополнителни прашања, но сметаат дека нивниот пристап е во рамките на законот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии