Шнајдер, Facebook апликација за кориснички дизајнирани маици

„Можеби малку невообичаено, но Шнајдер ги таргетира дизајнерите,а не директните купувачи. Ова е предизвик за Македонските дизајнери и тренирање на нивната способност да креираат производ што многу луѓе ќе сакаат да го купат и истовремено сами да ја искористат можноста во промоција на своите дизајни.Функционалностите што ќе ги овозможи Шнајдер, се зачеток на affiliate модел што е можност за мотивирање на дизајнерите за да заработуваат од секоја продажба.“, вели Катерина Стојановска од стартапот еБизнис кој стои зад Шнајдер.

Според правилата за предизвик, дизјнерите ќе добијат 10% од секоја продадена мајца. Ова ќе продолжи и со продавницата. Дизајнерот добива 10% од маица чија цена ќе биде одредена од моделот и „колку е пазарот да плати за квалитетни маици“. На почеток Шнајдер ќе се фокусира на класични t-shirt маици за машки и женски, а понатаму може да се размислува и за подруги модели на маици и блузи.

Изборот на Facebook апликација се должи на популарноста на друштвената мрежа во Македонија. Над 800.000 корисници се на мрежата, правеќји го Facebook поголем од самиот Веб, вели Катерина.

„Ако пред една година го замислувавме Facebook како дел од множеството ВЕБ со центарот Google, сега некако Facebook станува множеството, а се друго од вебот е во рамките на неговиот систем. Уникатноста на самиот концепт, можноста за иновација и создавање на нешто ново, се наш главен предизвик и затоа одлучивме целиот концепт да биде само на Facebook, односно таму каде што се наоѓаат и нашите корисници.“

Сите дизајни на Шнајдер, како и можност да купите, ќе ги видите на нивната Facebook страна.

1 коментар на “Шнајдер, Facebook апликација за кориснички дизајнирани маици

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии