Широкопојасниот интернет во Канада е на исто ниво како водата и електричната енергија

Канадските власти одлучија дека пристапот до брз интернет е подеднакво важен како пристапот до електрична енергија. Канадската комисија за радио, телевизија и телекомуникации, бара сите граѓани на Канада да имаат пристап до неограничен интернет и брзина од 50Mbps.

„Пристапот до широкопојасен интернет е клучен и е основна телекомуникациска услуга која сите Канаѓани мора да ја имаат. Ќе направиме сè што е во наша моќ да го донесеме широкопојасниот интернет во руралните делови.“, вели Жан Пјер Блас за CBC.

Со оглед на тоа дека делови од Канада се со најмала густина на население, ова ќе биде предизвик. Поради ова комисијата креираше фонд за поддршка. Проекти од руралните средини може да се пријават за финансирање, а висината на фондот е 750 милони долари, што ќе се полни од буџетот на Канада, но и од приватни инвеститори.

Освен 50 Мbps интернет за домаќинствата планот подразбира и 10 Mbps интернет на патиштата во Канада.

„Квалитетна и доверлива дигитална врска е клучна за квалитетот на живот на Канаѓаните и за економскиот просперитет на Канада.“, додава г.Блас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии