Шифрирајте приватни пораки со Secret Messager

Понекогаш, имате потреба да заштитите одредени приватни пораки, или да сокриете одредено значење во фотографија.

Secret Messager е бесплатна алатка за AES-256 енкрипција. Со оваа мало животинче, можете да наметнете безбедносен слој на сите приватни пораки пред да ги испратите до саканото лице. Дополнително, Secret Messager може да ги шифрира сите ваши лични фајлови, како и да сокрие пораки во одредени слики, користејќи ги предностите на процесот кој се вика стеганографија.

Secret Messager се испорачува во две варијанти – можете да го инсталирате или пак да ги искористите преносливите можности. Откако ќе го покренете програмот, искористете ги јазичињата на горната страна од прозорецот за да ја изберете саканата опција, односно дали сакате да пратите скриена порака, да сокриете одредени фајлови, или да сокриете нешто во слика. Потоа, по внесување на саканата содржина, внесете ја лозинката која сакате да ја користите и кликнете на копчето Encrypt.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии