Шеста сезона од Првата македонска е-спорт лига

Одлични вести за сите љубители на гејмингот и на натпреварувачкото играње на видеоигри. Македонската е-спорт федерација ја најави новата, шеста сезона од Првата македонска еспорт лига.

Оваа година натпреварувачите ќе може да се натпреваруваат во четири различни видеоигри: Dota 2, Counter Strike: Global Offensive, Pro Evolution Soccer 2021 и Tekken 7. Ќе бидат застапени и ПЦ гејмерите и гејмерите на конзоли. Играчите кои играат на компјутер се натпреваруваат во CS: GO и Dota 2, а „конзолашите“ ќе играат на PlayStation и тоа PES 2021 и Tekken 7.

Учество во лигата ќе земат тимовите и играчите кои се официјално регистрирани како членови на МЕСФ. Предвидените датуми за почеток на натпреварите се:

  • DОТА 2 – Започнува на 5 и 6 јуни 2021 година.
  • CS:GO – Започнува на 19 и 20 јуни 2021 година.
  • PES 2021 – Започнува на 3 јули 2021 година.
  • Tekken 7 – Започнува на 4 јули 2021 година.

Вообичаено натпреварите ќе може да ги следиме на официјалниот канал на Македонската еспорт федерација на Twitch. За овие сесии тие ќе се одржуваат секој викенд со почеток од 15 часот.


Организатор на националните квалификации и лига на Северна Македонија е ESPORTS.MK под надлежност на МЕСФ, а од таму ни порачуваат дека во наредниот период ќе следат дополнителни информации поврзани со лигата. Информациите ќе можете да ги најдете на официјалните профили од федерацијата на социјалните мрежи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии