Шест работи за новото Killing Floor 2 надополнување

Со празничната сезона, доаѓа уште едно интересно надополнување за ултра-популарниот ко-оп шутер – Killing Floor 2. За правилно втурнување во сезоната, ова се работи кои дефинитивно треба да ги знаете!

1. Killing Floor 2: Yuletide Horror стапува на сила на 10 декември!

2. Надополнувањето ќе им дозволи на гејмерите да се пресметаат со божиќни зед чудовиштата на две нови мапи. Едната мапа е на заедницата и се вика Sanitarium, а другата мапа со одредени цели се вика Biotics Lab.

3. На располагање имате две бесплатни и две платежни оружја. Нивните имиња се HRG Incision (за класата Field Medic), Winterbites (за класата Gunslinger), Mosin Nagant (за класата Sharpshooter), и Riot Shield / Glock 18 (за класата SWAT). Првите две оружја се бесплатни.

4. Новиот бос е ќерката на Кевин Клејми, претходниот извршен директор на Horzine – компанијата задолжена за епидемијата со зед чудовиштата. Рејчел е достоен противник со запрепастувачки-силни офанзивни напади и од далеку и од блиску. Рејчел нема да можете лесно да ја ликвидирате. Потребно е да поминете низ четири примарни фази кои се поврзани со нејзиното здравје. Тоа значи дека ќе се бара менување на стратегиите и внимателно темпирање на вашите напади. Доколку ја убиете Рејчел неколку пати (бројот се држи во тајност), ќе добиете ексклузивен скин за FN-FAL оружјето.

5. Badass Santa, ликот кој беше воведен минатата година, и овојпат ќе може да се купи. Одличен избор за сите што сакаат да играат со лик чиј глас е позајмен од Гери Бјуси.

6. Во новата година ќе бидат откриени детали за нова мапа. Тимот зад Killing Floor искористи неколку прилики за да се изјасни дека никако не креваат раце од играта и дека планираат уште многу изненадувања во 2020 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии