Шест факти за првата експанзија за Borderlands 3

За многумина, третата Borderlands игра произлезе дека е проширена верзија на Borderlands 2, што никако не е лоша работа. Двојката беше апсолутен хит и претпоставуваме дека од Gearbox воопшто не сакале да поправаат нешто што веќе работи. Во случај да завршивте со кампањата и да копнеете по нови содржини, првата експанзија доаѓа побргу од што би можеле да очекувате. Ова се шест кратки, но исклучително важни работи што успеавме да ги ископаме за продолжетокот на вашите авантури.

1. Првата експанзија се вика Moxxi’s Heist of the Handsome Jackpot и ќе излезе на 19 декември!

2. За идната експанзија веќе излезе 13 минутно гејмплеј видео кое, меѓу другото, го прикажува омиленото место на харизматичниот негативец – Handsome Jack.

3. The Handsome Jackpot е место кое било направено од самиот Џек, но, по серија настани кои се немили за него, а супер-кул за вас (види: Borderlands 2), местото е преплавено со лудаци.

4. На располагање ќе имате споредни мисии, но и таканаречени Crew Challenges каде е потребно да се спротивставите не само на нови непријатели, туку и на нови босови, сè со цел да отклучите нови легендарни оружја, нови изгледи, како и нови додатоци за оружјата.

5. Во Moxxi’s Heist of the Handsome Jacket нема да можете да навлезете доколку не сте левел 13. Исто така, ќе мора првин да сте го поминале прологот во основната игра, како и да го имате отклучено Sanctuary 3.

6. Првата експанзија е и дел од сезонската пропусница за Borderlands 3. Пропусницата е, пак, дел од мега скапата Borderlands 3 Super Deluxe Edition (120 долари).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии