Shenmue 1 и 2 напаѓаат на PC на 21.август

На првите две Shenmue игри носталгично се присетуваат постарите гејминг ветерани. Првата игра се појави во 1999 година, а втората во 2001. Низ годините, игрите често се поставуваа како едни од најоригиналните продукти. SEGA е спремна да го направи следниот чекор и на 21 август ги издава надградените верзии на игрите, со напредни можности за резолуцијата и графиката, подобрен кориснички интерфејс и гласовни таленти и на англиски и на јапонски актери. Тоа значи дека низ целата игра можете да поминете на некој од овие два јазика. Во поглед на контролирањето на ликовите, имате целосна поддршка на тастатура и глувче, а ќе можете да одберете дали да одите со модерни или класични шеми на управување.

Но, не е се идеално со игрите. На PC, Shenmue 1 и 2 нема да можат да одат над 30Hz. Според издавачот, низ енџинот и скриптите се има испреплетено код кој бара фиксни 30 фрејмови. Иако на некои би можело да им засмета ваквата информација, ние сметаме дека доколку тимот за ваквата реставрација направил одлична работа со се останато, ваквото нешто не би требало да е преголем трн во окото.

„Уште со оригиналните игри, Shenmue 1 и 2 имаат насоберено страствени следбеници кои ги ценат игрите како дел од еден од најдобрите гејминг серијали“, објаснува претставник од Sega. „Овие револуционерни ремек дела доловуваат трогателна приказна за одмаздата на Ryo Hazuki и неговите напори да ги открие тајните зад мистериозниот артефакт познат како Dragon Mirror“.

Сега за сега, Shenmue 1 и 2 се продаваат заедно, и тоа по цена од 32 евра. Mожете да го сочувате напредокот во игрите во кој било момент, а сочуваниот напредок во Shenmue се пренесува во двојката. За повеќе детали, проверете го Shenmue FAQ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии