Шеги oбјавени на Twitter може да ве однесат на суд… во Велика Британија.

Внимателно со шегите што ги пишувате на Twitter затоа што некои луѓе ги сваќаат многу сериозно, посебно ако се работи за бомби на аеродром. Британскиот Висок суд одби да ја поништи казната на 27-годишниот Пол Чејмберс, кој влезе во невоља со властите откако неодамна шеговито напиша во еден твит:

„Робин Худ аеродромот е затворен, имате една недела да се соберете, во спротивно ќе го разнесам аеродромот до небото”

Ако нешто научивме од Холивуд, освен тоа да скокнеме во моментот кога ќе се случи експлозијата од која што бегаме, е никогаш да не викаме бомба додека сме на аеродром. Сега изгледа тоа важи и за твитање бомба.

Пол Чејмберс бeше осуден дека е виновен за праќање на порака која е навредлива, неугледна или агресивна по карактер, преку јавна мрежа за комуникација и е казнет 1.000 фунти. Ова е првиот случај на Twitter криминал во Велика Британија каде „криминалецот” е осуден за делото што го извршил. Ако оваа казна не е доволна, тој ја изгуби работата два пати поради неугледните криминални твитови.

Откако адвокатите од страна на Пол Чејмберс ја обжалија одлуката на судот, Twitter заедницата почнаа да праќаат твитови за поддршка на Чејмберс преку слични шеги за бомби, изгледа надевајки се дека нема сите да ги осудат. Дури Стивен Фрај, познатиот глумец и комедијант, се понуди преку Twitter да плати колку и да му одредат за казна на г. Чејмберс.

Полека но сигурно ограничувањето на слободата на говорот станува норма во држави и региони во минатото познати по либералниот пристап кон слободата на говорот.

1 коментар на “Шеги oбјавени на Twitter може да ве однесат на суд… во Велика Британија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии