Shazam станува ТВ сервис, сега ги препознава актерите од популарните серии

Shazam, апликацијата која ги препознава песните кои ги слушате, најави дека се подготвува да стане и телевизиски сервис. Компанијата вели дека 250-те милиони корисници сега ќе можат да го отворат Shаzam, да кликнат на големото копче и да добијат информации за актерите, режисерот и музиката од серијата која ја гледаат. Прикажаните информации ќе бидат извлечени од архивата на IMDB.

Апликацијата сега ќе препознава и спортски настани и да прикажува резултати веднаш на телефонот, иако ова е малку непотребно кога се гледате натпревар на телевизор бидејќи нели го има резултатот на екран, но е добро кога се следи натпреварот на радио.

Сепак, Shazam оработува со 160 партнери од САД, па најверојатно апликацијата нема да ги препознае сите серии и натпревари кои ги има на македонските телевизии. Посебно не турските серии.

[youtube]BJzCyaE6eKQ[/youtube]

2 коментари на “Shazam станува ТВ сервис, сега ги препознава актерите од популарните серии

  1. Го очекував овој потег уште првиот пат кога дознав за апликацијата. Само мислев ќе направат уште една нова апликација. Али вака подобро, се во едно! Ме густа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии