RoboHon е робот и телефон кој чини многу пари

Sharp го претстави RoboHon, кој е паметен телефон и робот во исто време. Роботот се движи и игра, но во исто време се користи и како телефон со импресивна цена од 1.800 долари.

Роботот може да се користи и како гласовен асистент, функција која се чини одлично ја извршува, но и како видео проектор. Интеракцијата со RoboHon наликува на интеракцијата со Samanta во филмот Her, иако не станува збор за вештачка интелигенција. Купувачите на роботот можат да се претплатат на дополнителен сервис кој за 6 долари овозможува препознавање на гласот, а со тоа корисниците ќе можат да го користат роботот поедноставно. Доколку цената не ве одврати од намерата за робот телефон, RoboHon започнува со продажба од 26 мај, но ќе мора да пронајдете некој начин да го нарачате од Јапонија, бидејќи засега нема најава за продажба надвор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии