Шар е нов прелистувач наменет само за македонските корисници

Шар е проект на Александар и Ванче Грков, кои сакаа да изработат веб прелистувач наменет само за македонските корисниците, бидејќи популарните прелистувачи не се добро локализирани. Добар пример е Google Chrome кој одговара со „Google Chrome cannot be displayed in this language.“ кога ќе одберете да биде на македонски. Firefox, како втор најпопуларен прелистувач во Македонија, иако е локализиран, сепак некои од опциите и текстовите се на англиски.

„Целта не е да направиме превод на прелистувач на македонски. Целта ни е да имаме прелистувач со сите модерни додатоци. Преводот е само почеток“.

Александар вели дека сакаат модерен локален прелистувач, кој е базиран на Chromium, што помага околу безбедноста. Сакаат прелистувачот да биде само за македонските корисници, да може да поправи македонски правопис, да има вграден македонски речник, и интерактивна тастатура која може да промени азбуки. Но, проектот може да биде голем залак за само двајца девелопери, велат програмерите. Потребна им е помош од заедницата, и затоа, во наредните недели ќе го отворат кодот за сите да помогнат. Наскоро може да се очекува и верзија за Android и iOS.

2 коментари на “Шар е нов прелистувач наменет само за македонските корисници

  1. Запомнија…
    фаилови…
    алити…
    Испадни…?!?!

    Ако веќе се преведува нешто на македонски, нека преведи некој што ЗНАЕ македонски.
    Фала, пријатно.

  2. "Firefox, како втор најпопуларен прелистувач во Македонија, иако е локализиран, сепак некои од опциите и текстовите се на англиски."

    И сеа место да ги допреведат тие изрази, нов browser ќе прават. Алал вера. :-)))

    И нормално, source-от нигде го нема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии