Сезонската пропусница за Far Cry 5 ќе има зомби чудовишта, Марс, виетнамска војна и Far Cry 3

Мартин Јованчевски

во гејминг

До излегувањето на Far Cry 5 има уште добри два месеци, но доколку мислевте дека приказната во основната игра е откачена, почекајте додека да прочитате за сезонската пропусница.

Додатоците кои ќе излезат по основната игра ќе ве однесат на исклучително невообичаени места и ќе ве стават во три авантури, секоја по откачена од претходната.

Првата авантура, Hours of Darkness ќе ви дозволи да патувате во време, поточно во виетнамската војна и да се борите против Виет Конг војниците. По таа, ќе следи додатокот Dead Living Zombies каде треба да се спротивставите на ордата од зомби чудовишта во ситуации својствени за б-филмовите. Последниот додаток е Lost on Mars каде ја добивате ексклузивната можност да се дружите со пајаци на планетата Марс. Дополнително, сопствениците на ваквата сезонска пропусница ќе ја добијат и култната игра со еден од најхаризматичните негативци, Far Cry 3. PS4 и Xbox One гејмерите ја добиваат Far Cry 3 Classic Edition, а PC сопствениците ја добиваат стандардната едиција преку Steam.

Стандардната едиција за Far Cry 5 чини 60 евра, а златната едиција, во која е вклучена сезонската пропусница, чини 90 евра. Во моментот, не можете да ја купите само сезонската пропусница.

За минимално уживање во убавините на Монтана, потребна ви е компјутерска конфигурација со барем Intel Core i5-2400 процесор, GeForce GTX 670 графичка и 8GB RAM. Препорачаната конфигурација е со Intel Core i7-4770 процесор, GeForce GTX 970 графичка и 8GB RAM.

Far Cry 5 излегува на 27.март. Во меѓувреме, дознајте сѐ што треба да знаете за Far Cry 5!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии