Сериозен ли е весникот Време со агресивниот текст за qWCG?

„Светското искуство и многубројните истражувања покажаа дека видео игрите имаат штетно влијание врз децата, па во светот и здравствените власти прават кампањи за оттргнување на децата од нив…“ пишува Време текстот со неверојатниот наслов „Скопје промовира виртуелен колеж!“.

Очигледно дека Роза Петкова, новинарката на Време, не сфати дека натпреварувањата се шанса на учесниците да се вклучат во клиниката за откажување од игри позната како World Cyber Games, светски настан на кој се собираат гејмерите од целиот свет не за да СЕ КОЛАТ, туку за да се ДРУЖАТ!

Всушност таа и самата ни рече дека никогаш не играла игра, тогаш од каде таа да знае за вакви настани?

Г-ѓо. Петкова WCG настанoт не е единствен во светот. „Светското искуство“ не покажа дека има кампањи против гејмингот, туку дека се повеќе се гледа на гејмингот како на е-спорт и се повеќе се појавуваат гејминг турнири каде гејмерите се дружат, но и можат да заработат доста привлечни суми од наградите.

Што се однесува за вашите „светски“ истражувања доволно е да побарате на Google и веднаш ќе најдете тазе текст од CNN во кој се објаснува „зошто медиумите се негативни кон игрите?“. Во тој текст ќе најдете изјава од Џосеф Олин, претседател на американската Академијата за интерактивна уметност и наука кој се повикува на истражувања од Харвард медицинската школа за ментално здравје, кој вели:

„Нема апсолутно никаков научен доказ кој покажува позитивна корелација меѓу насилството кај индивидуалецот и играта која ја играат.“ вели г-дин. Олин. (еве ви го текстот преведен на македонски со Google Translate.)

Чудна е и изјавата на психијатарот Ставре Грамов кој вели „Личноста е соочена со машина, а комуникацијата треба да се одвива меѓу луѓе, со дружба, директни средби за да се развијат социјалните дразби“.

Но, текстот е негативен и неговата изјава е малку извадена од контекст, вели г-дин. Грамов. Имено г-дин. Грамов не е запознаен дека на WCG квалификациитe учествуваа околу 60 тимови со по 5 гејмери или 300 гејмери кои два дена се дружеа меѓу себе. btw иако г-дин. Грамов и самиот понекогаш игра шах преку интернет со пријателите и има млади гејмери како клиенти, сепак вели дека се потребни повеќе истражувања за да се дојде до одредена констатација во врска со позитивните и негативните ефекти од насилните видео игри.

Навраќајќи се на текстот на Време, интересно е што текстот започнува со „Светското искуство и многубројните истражувања дека видео игрите имаат штетно влијание…“ иако Филип Стојановски кој е повикан од новинарката да даде изјава бидејќи е експерт за ИТ културата има комплетно спротивно мислење од тоа што е претставено на почетокот на текстот.

„Во светот досега не се најдени докази дека видео игрите се виновни ако се случи нешто лошо некому или дека се насилни, а кај нас не е спроведено ниту едно истражување на оваа тема.“

Веднаш по неговата изјава „новинарката“ остро прашува „Со кое образложение локалната власт поддржува настани кои популаризираат видео игри?“ продолжувајќи ја својата тема без врска на искоментираното и посоченото.

Сериозно WTF г-ѓо. Петкова? Зарем сите гејмери кои 2 дена се дружеа на плоштадот утре ќе се претворат во Хитлеровата младина? Вашиот текст г-ѓо. Петкова не е новинарство, туку е продавање сензационализам и незнаење!

Подолу е галерија со вашите „насилници.“

60 коментари на “Сериозен ли е весникот Време со агресивниот текст за qWCG?

  1. А има ли некој досега што мернал колк од песните на Стоја или несвесно му се качил на рамена на некој на улица.
    Г-ѓа Петкова, ве молиме држете се до овие теми и што подалеку од ИТ или воопшто Т.
    Немој да ти испадне кучето од срчот на XP, ќе треба ветеринарска книшка да ти извадиме.

  2. Glupi ste deca…. koga ke videte kolku raboti ste ispustile u zivotot radi edna glupa igra ke se kaete mnogu veruvajte mi, togas ke svatite kolku bile vo pravo lugjeto sto go napisale tekstot.Pozdrav i iskreno se nadevam deka ke prekinete so glupostite

  3. Абре стефане стефане…C.S играм од 8 години мислам…не сум ни сериски убиец ни мислам да одам по улица и да колам луѓе и сл. тоа јас го сваќам како хоби кое нема никакво влијание врз менталното здравје на човекот и кога доволно не си запознаен со тоа немој да дискутираш без врска. Е ако е така како вие шо викате…цела Шведска ќе се придрузи на ал каеда…

  4. Еј да не се вреџаме: А1 = Програма наменета за целата публика…. ШЕХЕРЕЗАД!? Демек за целата публика е? Онур и шехерезад се сликата и насоката на иднината на нашите деца затоа што StarCraft 2 ќе ги натера да направат хемиски соединанија и за некое време Зерги ќе шетаат низ улици и светот ќе го освојат Протосите… на пример. Новинариве барем ни помагаат во развој кон насоката за тоа колку се (не)писмени и платени војници што: Прости им господе, не знаат што прават…

  5. Бев учесник на турниров и заедно со еден од победниците се враќавме дома кога го купивме Време и се скинавме од смеење, значи јас лично играм кантер преку 10 години т.е. од кога е излезена играта а јас бев некаде 2-ро одделение (досега не сум убил никого, а не сум ни заклал некој). Ја имам сфатено како хоби, можеби и како еден вид спорт со кој си се занимавам и натпреварувам уште од мал. Па дури играта ми овозможи да видам преку турнири некои земји (Србија, Русија и Косово) кои и не сум ни планирал да ги посетам (вторите две).

    Штета што кај нас електронсиот спорт не е развиен. Во другите земји имаат и професионални лиги, турнири, менаџери, големи спонзори, големи плати итн. Но кај нас нема услови да се развие поради назадното( назадни идеали од времето на сфрј и сл.) мислење на поголемиот дел возрасни кои за жал се во многу поголем број од младината а наталитет е мал :D

  6. Стефан друже на секој ковер(сликичката што ја има на цд-то) си пишува за која возраст е играта, е сега ако се игра под пропишаната возраст точно може да има проблеми но ако секој си ги следи тие годинки и игра според правилата не е можно да дојде до „насилство и импулсивни постапки кои некогаш се и трагични“ се доколку тој што ја игра играта не е со сите. Имам многу другари и женски и машки кои играат игри и одат по турнири и се разбира се однесуваат нормално и немаат никаков проблем. Така да мислам дека не сте во право за тоа.

  7. Не,јас го почитувам сечие мислење и мислам дека е добро да се дискутира за ваквите работи.Инаку Време што се однесува до нив требале да припазат на нивниот речник,сепак постојат по адекватни зборови кои нивните забелешки би ги направиле по разбирливи. Сите ние знаеме дека игрите можат да станат завист и иако Харвард кажува дека нема никаква корелација барем 2% постојат случаеви со негативни ефекти(форумите се преплавени со видеа со деца зависни од некоја видео игра или слично). Сепак не очекувам Харвард да излезе со соопштение некогаш дека некоја игра предизвикуваа насилство бидејќи ќе го наруши угледот на некоја софтверска компанија кое ќе резултира со тужби и слично..Инаку Viktr Ars ова е мое лично мислење не изјава,две различни работи.Изјава дава јавно лице во некој медиум,а јас не сум тоа.Секој има право на свое мислење така да…демократија.Само што тука кај нас секогаш она што не му одговара на мнозинството се дочекува со нож па разбирливо е.

    1. „Сепак не очекувам Харвард да излезе со соопштение некогаш дека некоја игра предизвикуваа насилство бидејќи ќе го наруши угледот на некоја софтверска компанија кое ќе резултира со тужби и слично.“

      Повторно со чудни и тешки муабети. Прво, секоја држава во свет ги одобрува овие истражувања како и светските организации бидејќи помагаат! Нема да има никаква тужба ниту може да има тужба. На која основа ќе тужи?

      Ќе ти ја парафразирам последнава реченица -„Само што тука кај нас секогаш она што НЕ СЕ РАЗБИРА СЕ дочекува со нож па разбирливо е“.

  8. Just for Lulz според твојата реакција се ми е јасно и нема да коментирам.Инаку не работам ниту во време ниту некој друг медиум.Инаку јас не реков игрите сосема да се истребат туку само да се воведе некоја номинална цензура со која ќе се направи временски баланс во врска со времето поврзано со ваквите експлицитни игри.Сепак во нормалните земји ова го сметаат за сериозна работа бидејќи ваквите игри потикнуваат насилство и импулсивни постапки кои некогаш се и трагични.Според твојот кометар земи сам процени си го одговорот и кажи дали е нормален или не.Одговори инстинктивно како некој да те нападнал(а всушност е обична дискусија).Сето тоа на некој начин е поврзано.Сепак повеќето луѓе се смеат на овие работи,но во нормални средини оваквите работи се гледаат со други очи.Се повеќе и повеќе деца решаваат да го поминат своето слободно време со виртуелни игри запустувајќи ги реалните соцјални вредности.Треба да се направи нешто за да се направи средина во која ќе постои баланс корисен за и за задоволствата и средината.

    1. Да, не мора на сите да им се допаѓаат игрите и да имаат позитивно мислење за нив. Тоа е сосема во ред. Но и ти грешиш како и Време. Велиш „ваквите игри потикнуваат насилство и импулсивни постапки кои некогаш се и трагични.“

      Дали го прочита текстот? Нема зошто да ми веруваш на мене, ниту јас на твое место не би си верувал, но слушни што велат експертите:

      „Нема апсолутно никаков научен доказ кој покажува позитивна корелација меѓу насилството кај индивидуалецот и играта која ја играат.“ – според истражувања на универзитети како Харвард.

      И сега како да ги сфатам сериозно твоите реални вредности кога не ти не можеш да сфатиш сериозно и да дочиташ еден краток текст?

      Не ме сфаќај погрешно :) поентата на овој коментар ми е иста како и таа на текстот. Ако излегувате со чудни и сериозни изјави со кои истакнувате некои си „реални“ вредности тогаш имајте со што да ги потпрете. Објективност и искреност се вредности, не наметнување на измислени тези. Тоа е проблемот со Време.

    2. @Stefan, нели тоа родителите требаше да му организираат средина/занимација/едукација на нивните деца… ааа да, треба државата да го прави тоа?! ПФ!? Јако, особено со тие писмените во образование што напишаа учебници со кои и г'зут неможеш да си го избришиш. Социјалната средина и околина е создавана еволутивно како и нашата фамилијарна средина, за да се смени тоа треба еволутивно да се пристапи за промена на „темата на интерес“ (што во случајоВ се децата). Ако сметаме дека детето мое треба да има модераторски пристап во користењето на забавата-видео игри, треба да го научам да биде модератор прво, оти ако му кажам дека не смее оти ќе стане убица и манијак тогаш ќе му бидам смешен и застарен татко којшто не знае што збори. Ама штета што повеќето родители во нашава држава се такви како оваа грејната новинарка од Време којашто се потпишала со фрустрација низ целиот текст.

      Тоа што го кажуваш ти е многу убаво, ама е „цаци апстракција“, промената не почнува од околината!? Таа почнува од тебе/мене…

  9. Не е тема на разговор мојата возраст или дали сум нервозен или не. Само сум реален. Ако некого го боли реалноста, има тежок проблем. :*

  10. Време во право???? I don’t think sooo. Да земат сите да прават софтвер??? Ти мислиш дека сите се толку интелегентни, или пак сите ги интересира да прат софтвер??? е па тука грешиш друже…

  11. Време е до некаде во право.Ваквите игри предизвикуваат насилство и се штетни за детската совест.Можете колку сакате да зборувате против време,но тие се во право.Треба да правиме тенденција да ги отргнеме децата а од тоа а не да ги внесуваме во тоа!!Зошто не организирате креативен натпревар во други апликативни софтвери кои можат даим бидат од бенефинт на сите?

  12. хммз …цело време пишуваат дека седењето пред компјутер е штетно `n staff …. а шо е со седењето цел ден пред телевизор и перење на мозок од страна на новинарите … дневни препукувања меѓу партии , жолта штампа ….

    едно обично играње кантер го направија …. шо ти војна во авганистан …
    цитирам :" полицајците и терористите, освен што немилосрдно се убиваат, фрлаат бомби, имаат „опција“ и да се колат меѓусебе "

    па да види некоја покрвава игра како COD MW 2 , жената ке напиши ко за 3 та светска војна …

    незнам кој за која партија е , и кој шо прај и како пери мозоци ич не ме интересира … ама наместо да ги поджи победниците кој ке ја претставуваат МКД на светско ниво … таа ги осудува …

    цитат:"Лично, како човек, мислам дека не треба да се поддржуваат настани кои ги популаризираат видеоигрите, туку подобро е локалната власт да направи една иградијада на градската плажа, на пример, во влечење јаже или на нешто поврзано со спортување"

    иградијада ? влечење јаже ? кој век сме ….. ? 14 -ти ?

    и на крај … кој е тој психијатарот ? го знај некој … ? i don`t think so. …

  13. Toa ne e vo Makedonija taka samo so novinarite, vo recisi sekoja institucija, vo sekoj sektor vo drzavnite institucii vo Makedonija imas nepismeni od koi se bara da imaat svoj stav ili mislenje po nekoja rabota.??? Hahah kolku smesno….. zatoa i kulturata i teatarot i sportot i strucnosta SE tuka e zanikade. Celo vreme site toa ni go predocuvaat no nikako da se napravi napredok. Se dodeka ne se isfiltriraat nekoi lugje t.e. nekoi generacii vo MKD nikogas nema da odime napred. Seuste sme vo BUNILO od raspadot na Yugoslavija, seuste vo Skopje rakovoditeli, novinari i direktori sedat na funkcii vo totalna ILUZIJA deka se uspesni i deka gi vodat rabotite napred, a tie se vo sustina DUPKA, i tie vsusnost go unazaduvaat zivotot vo sekoj pogled vo Makedonija….. pozdrav…..

  14. Од „кремљолози“, глава не може да се крене. Веднаш тргнаа со замрсени шеми за предадена љубов, омраза и убиство.

    Не е дека во последно време медиумите во сопственост на Велија Мeрдок Рамковски го поштедуваат бмпо — напротив, но инструираните уредници и новинари не размислуваат баш *толку* детално: Шаторот бил на локална самоуправа, а овој го мрази оној зашто е од другата партија, па му плаче мамата по весници и телевизии.
    Причината за тоа е едноставна — нема потреба за тоа. Тековнава власт се упукува сама себе во нога толку многу, што и уредник на акцијашки ѕиден весник може да ги критикува и да добива поени.

    Не, ова е чист одраз на интелектуалната и креативната способност на новинарката.

  15. Разбирам дневно политички препукувања, бранко бил крив љупчо грујо антеле свети пантеле. ама оваков настан да се злоупотреби е катастрофа и срам за новинарите. Ако се зима здраво за готово тоа што го треска новинаркава тогаш јас досега требаше да бидам сериски убиец оти играм кантер од 10 години.
    Нека не се глупираат, едни од најдобрите спомени ми се врзани со тие групни собиранки каде се млатеше кантер дење ноќе, имало расправии, караници, зафрканции и што уште не преку тој кантер страјк, и денес оваа најде да зборува за нешто што не го знае.
    п.с. Еднаш и женска си фанав преку сервер па нека зборуваат душманите !!!

    1. "Еднаш и женска си фанав преку сервер па нека зборуваат душманите !!! "

      Epicz коментар :)) Нека умрат душманите!

  16. Многу убаво кажа Just for Lulz. Намерата на новинарката е да го оцрни Вмро, бидејќи qWCG беа поддржани од локална самоуправа, а сите знаеме каков е односот на ТИЕ медиуми кон нив. Но, единствено што направила новинарката е што квалитетно се искењала, уништувајќи го духот на гејмингот. Всушност, зарем читате Време ? Во Шпиц можеби напишале дека имало мртви на турнирот.

  17. Цццццццццццццц… македонски новинари и ИТ?????? Не постои. Ова не е изненадување. Знаат да кажат дека ИТ културата ни е на ниско ниво, а не се гледаат сами. Кај нас нема новинарство (истражувачко новинарство и не постои). Сите пишуваат како ќе им свирнат партиите за кои работат. А кога ќе фатат да напишат нешто на своја рака, како… ум… оваа статија, се бламираат уште повеќе.

    Јас ако би пишувал против WCG квалификациите, тоа би било поради котацијата која нема основа (никаде во светот освен во МК не се плаќа и покрај присуството на спонзори), би пишувал зошто нема повеќе игри (кога знаеме дека на WCG има игри кои се играат во МК). Ама нели… Тоа би го направил ПИСМЕН новинар. ;)

  18. момците од It.com.mk нека направат едно интервју со дотичната…има скриени таленти низ нашите медиуми…верувајте ќе биде доста читано…или па не :)

  19. Многу јасно… Дотичнава сељандура Петкова е само еден од роботите и исперените мозоци на Малиот Велија, која е "програмирана" да плука по се што е направено од Владата.
    Бидејќи нејзиниот мозок е само една сува смоква исушена, не можела да свати дека ова не е проект на Владата, туку е qWCG!

    Уште еден доказ за непрофесионалноста и мизеријата која ја презентираат медиумите кои се во сопственост на Малиот Велија, идниот премиер (како што си замислува тој), упс грешка, мислев идниот кандидат (воедно и предвремен победник) за С*Љ*К на ГОДИНАТА!

  20. Who the fuck is Роза Петкова?

    Субстандардни, неписмени, контра-интелектуални морони, со IQ еднаков на собна температура, владеат со македонските медиуми.

    Тие се производ на Цеца-Латас-Велија-БС-Пивофест–пиљарско-античко-фундаменталистичка-провинцијално-малограѓанската култура која се „негува“ во Македонија.

    Јас мислам сега сите да одиме на „појадок на мост“, да погледнеме некој избор на ова-она-ваква-таква убавица, да засадиме 26 садници (или колку веќе) во чест на другарот Тоше и на крај да се одмориме на „Какакабана“. Бели чорапчиња, сандали, долг нокт на малиот прст — задолжителни.

  21. Е за ова „no comment“… Кога го прочитав текстов, толку се изнасмеав што почнаа да ми течат солзи -.- Како можеле ко прво да стават некој што нема играно игра во животот да прави статија за WCG?!
    Едноставно, неверојатно.

  22. Види, за воља на вистината, текстот во време не е баш таков каков што го прикажуваш. Во него има изјава од лекар кој не го осудува играњето на компј. игри, дури вели дека се добри – доколку не се претерува: „Добро е игрите да се употребуваат до одредена граница, како механизам за празнење, но ако се надвор од контрола, без надзор, тогаш се штетни – вели Грамов.“ Пренесена е и оваа изјава: „Во светот досега не се најдени докази дека видеоигрите се виновни ако се случи нешто лошо некому или дека се насилни, а кај нас не е спроведено ниту едно истражување на оваа тема.“

    Мене, на пример, во текстот ми се чини дека акцентот е ставен на тоа луѓето да се дружат реално, а не виртуелно: „Личноста е соочена со машина, а комуникацијата треба да се одвива меѓу луѓе, со дружба, директни средби за да се развијат социјалните дразби“.

    Значи, би можел некој да извлече заклучок дека ваквата остра реакција на тој текст е несоодветна, и не се осврнува на главната поента: виртуелна vs. реална дружба.

    Пуцај друже.

  23. Време, А1 и компанија (се’ што е на Големиот Велија) се тотално непрофесионални медиуми, чиишто статии се зачинети САМО со лични интереси на Големиот Велија и неговата тајфа. Ова не заслужува да падне ни во “жолта штампа“, па затоа и’ честитам на г-ѓата Роза Петкова што измисли нов правец во кичот на новинарството. Одамна Време, Шпиц и А1 изгубија легитимитет за објективен новинарски извор кај мене, така да, ова и воопшто не ме изненадува, само го потврдува мојот став за Големиот Велија.

  24. Да затоа гледам во цела Шведска, Јапонија, Русија и други држави децата поседуваат најмалку по едно Heckler & Koch USP пиштолче и ножот на чиче рамбо Рамбо. Уз пат тоа значи дека син и (ако има) го поседува истото или сличното .
    Ама што да правиш селска неразвиена државичка каде што ако се занимаваш со: Гејминг, екстремни спортови, слушање и свирење одреден стил на музика ти си НАЈГОЛЕМИОТ ИДИОТ што го виделе…

  25. Ова е стандард Велија шема. Во што и да е вклучена владата или локалната власт, без разлика дали тоа е добро или лошо, на А1 или во Шпиц и Време ќе стои дека тоа не чини и дека е ужасно, ужасно, ужасно лошо. Во овој случај тоа е qWCG. Еб… македонското новинарство.

  26. Што не ќе прочита човек.
    Новинаркава нека земе една вага и нека застане на центар, пошто не ја бива за новинар со вакви текстови…
    Свашта… :o

  27. Друга работа, „Светското искуствои многубројните истражувања покажаа дека видео игрите имаат штетно влијание врз децата, па во светот и здравствените власти прават кампањи за оттргнување на децата од нив…“ Така ли ?
    А на секоја втора телевизија шо даваат филмови каде нон-стоп се пцуе, се убива и слично, тоа нема штетно влијание врз децата, но чим седнат на компјутер тогаш има. Добро е…

  28. Патетика, неинформираност, незнаење…Со многу зборови може да се објасне текстов на Време. Ама така е, и така ќе биде кога оставаат жена која нема искусено нешто да пишува за него. Барем можеше нешто на интернет да види, да се информира, а не онака да тропа глупости. Единствени кои ќе се согласат со нејзиниот текст се луѓето како неа, кои немаат изиграно игра освен Spider Solitaire и FreeCell.

  29. CS е игра за 15+ возраст. Најголем проблем е кога деца од 10-тина и помалку години ја играат играва. Дечкиве се веќе изградени личности, не би требало CS толку да влијае на нивниот развој.

  30. Ништо ново. Грешни новинари на грешни задачи.
    Како може некој што нема пипнато компјутер освен Word и Internets Exploder, да може да пишува статија за натпревар од овој тип?
    Верувам дека не ни била на смаиот натпревар од "страв да не биде заколена од бруталните учесници"? Срамота.

  31. Тоа се случува кога секој ванаби новинар добива работа во весник. Не дека некој ги сфаќа сериозно, али ај нека им биде…

  32. Велија има конкурентски фестивал, ако не се лажам, ако е „Ентер“ уште негов, а BTW се` уште се дава на А2. Таму ги гледам корените на ваквиот претенциозен текст. Видете ги рекламите на http://www.enter.net.mk меѓу кои се разбира е и „Време“

  33. Мислев дека новинарите не треба да се пристрасни кога пишуваат статии, дека треба да имаат наведено извори на нивните тврдења, дека треба малце да направат истражување за нивниот став дали е точен или не.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии