Септември во САД: Стартапи, Сиетл и 7 научени лекции

Нина Николиќ

во Блог

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ. Нина е стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie во кој објавува интервјуа со регионални стартапи.)


Во пролетта 2017 ја добив веста дека сум одбрана како 1 од 100 Млади прекуатлански иновативни лидери!

Young Transatlantic Innovation Leaders Initiative (YTILI) е програма на Стејт департентот во партнерство со German Marshall Fund of the United States. Програмата е фокусирана на разовој на претприемачките вештини и подобрувањето на економските можности за младите професионалци во Европа.

YTILI им овозможува на младите претприемачи и иноватори, алатки, мрежи и ресурси преку кои ќе можат да го развиваат своите професионали активности и проекти. YTILI е и алатка за изградба на прекуатланска мрежа за иновација кој може да придонсе за постојан развој на бизнис екосистемот и на дијалог за политиките кои ќе ја зацврстат оваа соработка.

Летото 2017 официјално ја добив локацијата, Сиетл, Вашингтон. Не можев да бидам повозбудена за можноста за истражување на стартап екосистемот во домот на: Starbucks, Amazon, Microsoft, Startup Weekend… Пред сè бидејќи мојата стартап приказна започна во SWSKopje во септември 2014 и една и пол година подоцна преку #SwissEP имав можност да се сретнам и две недели да сораборувам со Френк Нуригар, еден од основачите на Startup Weekend, а сега ќе живеам во градот од кој излегува Startup Weekend! Нерално… А сепак многу возбудливо.

Штом ги уредив календарот и поставив почента агенда за Вашингтон и Сиетл, започнав со планирање на септември во САД. Ова вклучуваше 11 летови, 5 градови (Сан Франциско, Лас Вегас и Лос Анџелес), куп бизнис средби, настани за вмрежување и најголемата технолошка конференциј на годината, TechCrunch Disrupt во Сан Франциско!

Септеври 2017: Почеток на моето патешествие во главниот град, Вашингтон

Седумдесет и два часа во главниот град ми овозможија да се сретнам и да се поврзам со 50 инспиративни млади професионалци од Европа и да креирам долготрајни пријателства и потенцијална соработка. Посетата на Стејт департментот ми овозможи подобро разбирање за политиките на владата на САД и програмите кои ги поддржуват претприемачите и трговијата.

Во German Marshall Fund имавме организирани работилници за различни клучни теми, изградба на односи, разбирање на претприемачите во САД, развој и подобрување на презентаци. Нашата густа агенда вклучиваше и истражување на главнот град, културна активност како искусување на безбол натпревар на стадионот на Nationals и учество во панел дискусија со иноватори на  WeWork White House. По ова следеше нетворкинг настан со дипломатската заедница и стартап екосистемот.

Сиетл – моето стартап скриено богатство

За наша среќа, двонеделниот професионален ангажман беше во UW CoMotions Labs: колаборативн хаб за иновација посветен на проширување на економското и социјалното влијание на UW заедницата; лоциран во најиновативниот државен универзитет во САД и седми по бројот на стартап кои излегуваат од него.

За овие две недели, за ние кој бевме во Сиетл, почетната агенда подготвена од YTILI беше исполнета со бизнис средби, индивидуални сесии со различни клучни личности од екосисемот, и нетворкинг настани, како Women in Tech или The Innovation Summit. Она што не го очекувавме е дека на овие претходно испланирани средби ќе има ваква респнзивност. Една од најизненадувачките работи кои ги искусив додека бев во Сиетл беше отвореноста, љубезноста и соработката на стартап еко-системот.

Сите бевме „благословени“ од менторирањето на најинсиративната и супер успешна жена претприемач како ментор. Од моментот кога ја сретнав Жилијан Мусинг, менаџер на фондот на  Outlines Venture Group; Columbia Tower Club на 75-та стана наше неофицијално работно место. Овде се среќававме со Жилијан и со нејзините соработници за бизнис развој, раскажување и пичинг, продажба и маркетинг, како и за брејнсторминг и планирање на следните чекори за прекуатланска соработка…

Ако раскажувам премногу детално за секој ден, ќе можам да напишам една цела книга. Главно за искуството во Сиетл е дека сите кои ги сретнав и каде и да одев во градот, се чувствував како да припаѓам, како да сум вистински жител на Сиетл.

Седум работи кои ги научив овој септември во САД

1. Луѓето – Без разлика каде сте, секогаш ќе бидат љубезни

Откога паметам за себе сум патник, никогаш турист. Уште повеќе откако пред 3 години започна моето стартап патешествие, моите патувања во различни градови во Европа, а сега и во САД зачестија. Разгледувањето на градот во придружба на локален водич. Запознавање на стартап заедницата преку лидери на локалните мрежи. Да се биде отворен за кафе-средби со нови луѓе е клучно за мене, да се добие најдоброто од патувањето и запознавањето луѓе. Но, најважно креирање на пријателства низ целиот свет.

Во Сител, времето кое го поминав со петте колеги, беше најдобриот дел. Тоа што бев едиствена жена во групата ми ласкаше, бидејќи го поминував времето со млади професионалци и џентлмени. Сепак, беше и предизвик, бидејќи неоофицијално ја имав улогата на координатор на групата. Благодарна сум за средбата со GMF и YTILI тимовите, и благодарение на YTILI сега имам нови пријатели и соработници во: Иван Јелушиќ – Хрватска; Иван Версиес – Кипар; Томаш Ваславски – Полска; Јанко Павловиќ – Србија, Матјас Ванони – Швајцарија; Мурат Ајдемир – Турција/Велика Британија. Она што заедно го планираме веќе го започнавме. Се радувам на можноста да им бидам домаќин на моите колеги во мојот град, Скопје, на нашата прва повторна средба!

Повеќе прочитајте на блогот на Нина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии