#СеПоСписок! Tвитерџиите го чистат избирачкиот список

По 60 луѓе во еден стан, починати гласачи во избирачки список, гласачи во руинирани локации… ова се само дел од пропустите кои твитерџиите ги открија во избирачкиот список, кој Државната испитна комисија (ДИК) го објави преку нова апликација. Според ДИК, апликацијата треба да им служи на граѓаните да го проверат избирачкиот список, и според првичните реакции преку хаш-тагот #СеПоСписок, има што да се провери.

Веб апликацијата е едноставен пребарувач на гласачи преку име и презиме, адреса и матичен број. За некои ова е можеби нарушување на приватноста, но тоа што е поголем проблем е што листата открива неверојатни пропусти. Сепак, избирачкиот список сега треба да се прочисти со вкрстена проверка помеѓу десет државни институции, пишува БИРН. Достапниот избирачки список е од 1 декември 2015-та година, но тој би требало да биде ажуриран до 17-ти април откако ќе бидат детално проверени листите. Изборите ќе бидат на 5-ти јуни.

1 коментар на “#СеПоСписок! Tвитерџиите го чистат избирачкиот список

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии