Тhe Seed, новата игра на тимот зад Misery мoдот, успеа со помош на краудфандинг заедницата на Kickstarter да ги собере потребните 15.000 фунти од над 600 контрибутори за да биде финализирана. Во тимот зад The Seed и Misery е и Дамјан Цветков-Димитров кој го користи Скопје како инспирација за пост-апокалиптичнaтa источна-европска aтмосфера во игрите. За разлика од Misery модот, кој е прогласена за најтежок мод на Stalker и е авантуристички шутер во прво лице (FPS), Тhe Seed ќе биде направена како интерактивна книга чија алтернативна нарција ќе зависи од фантазијата на играчите. Парите од Kickstarter, кои се само 50% од делот, другите се обезбедени од инвеститор, ќе бидат искористени за визуелни подобрувања, дистрибуција, пост-продукција и развој на играта.
„…Ова е почеток на еден свет што ќе го развиваме понатака и во turn-based стратегија и/или survival FPS 3D игра. Но мора да се стигне до тоа, и прво сакавме да издадеме наш сопствен продукт со висок квалитет, изграден од клучните луѓе што веќе го направија Misery модот. Сакавме сопствен свет кај што би имале многу поголема слобода одколку во рамките на модовите“, вели Дамјан во неодамнешното интервју за It.com.mk.
Подолу се примери како oд случајни несредени и руинирани места во Скопје се прави вистинска пост-апокалиптична сцена. Kликни на сликите за да го видиш целиот процес
(Disclaimer: Дамјан Цветков-Димитров беше автор за IT.com.mk во 2012-та година, но неговата работа на Misery, The Seed и било што друго не е поврзано на ниту еден начин со порталот. Ова не е ПР текст за неговата работа, туку, како сите други, текст за можностите да се работи на нешто










Закон, ако е потребно помош околу аудио дизајн, контактирајте ме сакам да придонесам.