Сензори за побезбедни дронови дело на истражувачи од Австралија

Дали ви е страв да управувате со дронот кога околу него има деца и се плашите дека пропелерите може да ги повредат? Група истражувачи од Брисбејн, Австралија претставија решение кое речиси гарантира поголема безбедност.

Станува збор за сензор кој се поставува на леталото и постојано скенира во потрага по биоматерија. Ако вакво нешто нема во близина, леталото си лета непречено. Ако „забележи“ прст на пример, пропелерите на леталото забавуваат.

Решението за забавување едноставно и е многу евтино. Околу самиот пропелер е поставена рамка која во исто време е и безбедносен прекинувач. На самото летало се вградени IR рефлектори, а на врвот на моторот е поставен IR сензор. Ако системот добива редовно пинг од сензорот се е во ред. Штом нешто ја допре рамката на која се поставени сензорите овие сигнали стануваат нередовни, па пропелерот забавува. Но, наместо напојувањето да се исклучи и моторот да забавува поради отпорот на воздухот, моторот се врзува кусо и со тоа енергијата се користи за електрично забавување и кочење.

Секако ваквите сензори може да се користат и за да спречат оштетување на самите летала, но се чини дека ова не беше замислата на неговите креатори.

Иако ова е едно од решенијата не е единственото. Така друго решение го решава овој проблем со тоа што механички со поставување на пропелерите во кафез, ги изолира.

Повеќе податоци за решението на Spectrum IEEE.