Сензација! Шокантно! .мк медиуми против дигиталниот свет

Што е тоа што .мк медиуми не знаат да го направат?

Да почнеме од новинарската пракса за проверување на изворите. Да почеме со неколку алатки кои се дизајнирани да му помогнат на новинарот да ги дознае информациите, да ги провери изворите.

  • Google News – Сите светски медиуми на едно место кои се отвараат со еден клик, со еден термин. Внесете „Michelle Obama“ во Google Search и ќе видите кои светски медими што пишуваат за неа.

Не знам зошто Washington Post, New York Times, BBC и многу други сериозни медиуми одбиваат да напишат за или да ја проверат веста дека првата дама на САД ќе се разведе со претседателот на САД, што би било приказна со неверојатно влијание, посебно во моментите кога започнува трката за вториот мандат. Можеби бидејќи не читаат македонски медиуми.

Едвај шкрабнале 2 реда да изгледа како вест

  • Twitter Search – Да чуеме од друштвените мрежи, што велат корисниците кои често знаат да се закачат за приказна која не мора да е тoчна, која не се води по новинарскито кодекс и да ја направат популарна. Проверете ја мрежата со над 100 милиони корисници и нема да најдете твит за разведувањето, туку ќе најдете за како Мишел Обама се сретна со Нелсон Мандела и другите детали од нејзината турнија низ Африка!

Иронијата за македонските медиуми е што само пред неколку дена Twitter претстави алатки за новинарите за правилно да ги користат друштвените мрежи да се дојде до информација. Тие Twitter совети велеа дека со мрежата можат да се следат медиуми и новинари кои се доверлив извор, да се искомуницира со нив или да се провери информацијата.

Но, тоа не е доволно. Апсурдната вест, која дури не доликува ни на вест од сатиричниот Onion бидејќи е прекратка и глупава, се пренесе од деветнаесет македонски медиуми и портали. Деветнаесет! Без да проверат, само copy-paste, во потрага по повеќе читатели. Очаен обид.

Aх да, тие се повикуваат на Globe магазинот како извор. Globe е сензационалистички медиум за трачеви. Globe не е достапен за македонските корисници и со тоа не може да се линка за да се покаже правиот извор. Но, има проксија. Еве како изгледа „големата вест“ пренесена од 19-те .мк медиуми.

18 коментари на “Сензација! Шокантно! .мк медиуми против дигиталниот свет

  1. Не е и тоа проблем. Проблем е кога некој соли ум – од типот на „Сензација! Шокантно! .мк медиуми против дигиталниот свет“ демек кур се тресе во ладна вода. Такви таблоидни вести има секој ден, за секоја славна фаца. Бред Пит и Анџелина Џоли се разведоа 17 илјади 395 пати, Кака играше преклани за Манчестер Сити, а Сиена Милер и Линдзи Лохан се лезбиски пар иако се трети братучетки по стрина. Сите овие шпекулации едноставно се решаваат со реченицата: „Се разбира, овие шпекулации досега остануваат во тој домен, бидејќи нема официјална реакција, ниту од Белата куќа, ниту пак од засегнатите лично.“ што е наведена овде:
    http://www.taratur.com/node/24402

  2. Работам во еден до 19-те медиуми кои ја објавија веста. Се побунив кога колегите ја пуштија зашто веднаш проверив на гугл њуз и видов дека не е објавена во ниту еден сериозен медиум. Во принцип, ова е прилично бомбастична вест и не може да ја промашите (а со тоа и да н се изнасмеете на нашиве сајтови), но многу навидум ситни, безначајни вести кои не се точни завршуваат на порталиве зашто агенциите како макфакс и миа очигледно врска немаат и праќаат се, а новинарите од медиумите се тешки морони и ништо не проверуваат.

  3. Ако запнале да бидат трачаски медиуми (а повеќето и се) можат барем да си смислуваат оргинални трачеви :D

  4. Ова не е вест како Анџелина Џоли во Сител, или последната на која наседна искусниот Героски во Плусинфо, дека Грците ќе прават споменик на Дарко Панчев во Атина. Ова е вест од таблоид, шпекулација, која ја презедоа и странски сајтови, не само наши.
    http://www.showbizspy.com/article/234674/michelle

  5. се работи за етика на новинарите, како тие работат… ако воопшто може да се наречат новинари :D

  6. Али најголем фејл за Виктор ќе биде ако Мишел стварно го напушти Барак… Занимавајте се со IT малку, не со хејтање кон другите медиуми. Во текстов забележувам гнев кон другите медиуми, опрајте се :)

  7. Ова не им е првпат. Најинтересно е што повеќето медиуми не мислат дека може да се најде некој од гледачите со пристап кон Интернет (даа) и да провери било која вест на Гугл, само преведувајќи ги клучните зборови на англиски. Срамно е, навистина. Навредливо. Ви текнува на веста на Сител за Анџелина Џоли дека е исчезната во бродоломска несреќа? Го најавија во днвникот како ударна вест, а всушност беше неточна вест, производ на таков сајт агрегатор на (лажни) вести. И да не го заборавиме холограмот на Сител. :))

  8. Гледам повеќе сензационализам и шокерај во текстот на ит.ком.мк отколку во веста која ја пренеле македонските медиуми и портали. Не пренеле лажна вест, туку вест од трачарајски магазин кој фино е посочен.

    1. @Zoc Каде го гледаш тоа? Што посочувам како да се провери информација со цел да не се глупираат медиумите. Oбврска им е да пренесат ТОЧНИ информации? Како тоа „не е лажна вест“, значи точно е? Сакаш Сител, А1, Канал5… да објавуваат трачерски муабети? Во ред е да хејташ It.com.mk но барем останатиот дел да ти имаше логика.

      @K** Не треба да те интересира Обама, треба да те интересира што медиумите ти даваат како вести. Кој знае до сега колку вакви глупости пренеле како точна информација.

      @Lol:) http://0.mk/5d6c

      1. @ViktrArs што е хејтот тука? Можеш и ти да ги хејташ нив, ама нема логика да напишеш „пренеле како точна информација“ затоа што пренеле информација во која цитираат извор кој се занимава со трачарија. Колку е релевантен изворот, тоа е друга работа, но во никој случај не можеш да напишеш дека е грешна информација. Сигурно СиЕнЕн нема да се занимава со брани муабети на славни, туку ќе се занимава некој како Globe. И да, од досегашната пракса кога се во прашање познати ликови и жолтенило за нивните бракови, пред СиЕнЕн да напише откако ќе се случи разводот, муабетите секогаш први се појавуваат во вакви таблоиди.

        А дека се кромидари .мк медиумите и дека треба да се исшиканираат и да им се одржи лекција по основи на новинарство пошто наседнуваат на лажни вести – никој не порекнува. Тука си апсолутно во право. Само си одбрал погрешна вест за пример.

  9. Многу љут текст :).
    "Aх да, тие се повикуваат на Globe магазинот како извор."
    Некој сака да збори како амерички тинејџер :)))

    Кога ќе размислиш, ништо страшно не се случило. Пренесен е текст од некој медиум. Изворот обично се додава со цел на читателот да му биде дозволено самиот да ја провери веста. Ако почнеме да идеме извор по извор да ги проверуваме…..

    Колку ке се смеам ако стварно се разведат у наредни месец два :)

  10. Не ми е јасно што сте се возбудиле толку. Прво, веста никако не можеш да ја "провериш" на Google…односно не можеш на ниту еден друг начин освен реал- тајм- ако се знаеш со Мишел, нејзиниот шофер или некој вратар во Белата Куќа, но во секој случај ако не објавил некој друг не мора да значи дека не е точно. Второ, колку што можев да прочитам сите наши медиуми во првата реченица велат- американскиот таблоид " Globe" објавува бла…бла…бла…. што значи дека од старт на читателите им се става до знаење дека се работи за Таблоид, односно трачарски весник. Не гледам ни лага ни дезинформација…али го гледам просекот на македонскиот читач/ гледач бидејќи веста е една од нај-кликаните на сите информативни портали…

    1. Види, ти можеби ќе ја провериш точноста на вестта на интернет, но има многу луѓе (поготово од постарите) што не користат интернет и гледајќи ги овие медиуми ги добива новостите… И сега ако не и кажав на баба ми дека се работи за лажна вест, она уште ќе си мислеше дека стварно се разведуваат.

      Можеш и те како да ја провериш на Google. Има доволно моќни медиуми кои би ја пренеле вестта ако беше точна… за тоа ќе имаше цел реферат, не текст од два реда. :)

  11. А со тоа се шират дезинформации, а 99% од луѓето кои ги читаат овие вести се потпираат на горенаведените медиуми како главен извор на вести и новости = цела македонија може да биде излажана преку 2 реда текст. #mkfail

    1. И со тоа пласираат „лажна“ вест и доаѓаме до заклучок дека имаме најфејл медиуми. Не е првпат некој/и од нашите медиуми да паднат на вакви приказни. Ништо не ги кошта да удрат еден срч на гугл и потрошат некоја минута за да ја испитат веродостојноста на вестта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии