Сенатот гласаше за враќање на интернет неутралноста

Претставниците на демократите во Сенатот на САД успеаја да убедат доволно републиканци за да го вратат разговорот за интернет неутралност. Со 52 гласа „за“ и 47 „против“, за враќањето на интернет неутралноста сега треба да гласа Претставничкиот дом. Тука демократите, треба да убедат 35 од своите колеги да изгласаат поддршка за враќање на претходното решение.

Во поддршка на законот гласаа сите претставници на демократите и три претставници на републиканците. Одлуката би можела да го промени решението кое го донесе Федералната комисија за комуникација (FCC), со која се прогласи за ненадлежна за регулирање на интернет провајдерите. Сепак за да биде вратено старото решение треба Претставничкиот дом да го изгласа законот, до тогаш промената си продолжува како што е закажана. Односно законот ќе започне да се применува од јуни, вели TechCrunch.

Откако, и ако воопшто, Претставничкиот дом ќе ја потврди одлуката, тогаш следен чекор е потпис на претседателот на законот. Ако претседателот не го потпише законот, тогаш потребно ќе биде двотретинско мнозинство, што не е веројатно.

„Денес Сенатот на САД презема голем чекор за да ја поправи мешаницата која ја направи Комисијата за комуникација кога го врати законот назад минатата година. Гласањето денес е знак дека борбата за интернет слободата е далеку од готова. Ќе продолжам да правам бука за поддршка на интернет неутралноста, и се надевам дека и другите ќе ни се приклучат“, вели Џесика Розвел.

Промената на владината поддршка на интернет неутралноста беше донесена во ноември. Тогаш Федералната комисија за комуникација (FCC) најави бришење на одлуката на претходната администрација која овозможи регулирање на операторите. Ова ќе им овозможи на интернет провајдерите да го поделат интернетот на приоритетни и неприоритетни ленти. Според дел од аналитичарите, ова ќе овозможи за истата услуга во иднина да се плаќа три пати повисока цена. Каков ќе биде конечниот исход на ова гласање ќе видиме наскоро.

Сепак се чини дека и притисокот на јавноста нe стивнува. Претставниците на републиканците добиваат коментари и барања од гласачите за враќање на стариот закон. Нивната канцеларија досега добила над 6 000 повици од кои само 10 биле против враќањето на претходното решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии