Спонзориран текст

Семос Едукација доделува стипендии за најбараните IT професии

Семос Едукација и оваа година објавува повик за  стипендии на летните менторски програми. Во соработка со неколку компании, и оваа година се понудени различни стипендии за менторски програми за најбараните професии: Microsoft Web Developer, Microsoft Data Analyst, Microsoft Azure Cloud Administrator, Cisco мрежен администратор, Java програмер.  

Менторските програми вклучуваат пакет на обуки во Семос Едукација, стипендии и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од македонски и странски компании. Најдобрите слушатели ќе добијат можност за пракса, стекнување на искуство и вработување во компанијата.

„Стипендиите за летните менторски програми се доделуваат години наназад и сме многу среќни што веќе е концепт кој е препознатлив помеѓу луѓето и компаниите. Оваа година го зголемивме бројот на часови кои учесниците ќе ги имаат со менторите од компаниите, како и со нашите предавачи кои ќе им помогнат во изработка на проектите. Во претходните години имавме неколку успешни приказни, учесници кои станаа дел од тимот на реномирани компании. Ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од понудените програми, да се пријават и да станат новата успешна приказна од летната менторска програма.“ – изјави Анче Атанасова, менаџер за човечки ресурси во Семос Едукација и раководител на Кариерниот центар од каде што потекнува првичната идеја за овие програми.

Оваа година се понудени делумни стипендии за летните менторски програми за Microsoft, Cisco и Java официјалните програми.

Летната Microsoft IT школа е интензивна менторска програма која се одвива во период 3 месеци. Заинтересираните имаат можност да одберат една од трите професии: Microsoft Web Developer; Microsoft Azure Cloud Administrator или Microsoft Data Analyst. Ќе бидат доделени вкупно 30 стипеднии, по 10 за секоја професија. Сите кандидати кои ќе аплицираат, добиваат можност да освојат делумна стипендија во вредност од 555 €. Слушателите ќе работат на реални проекти со ментор од компаниите QUIPU, Distant Point и Семос Едукација.

Отворен ден: 10 јуни | Почеток на обуките: 24 јуни

Повеќе информации | Апликација


За Летната Cisco менторска програма, Семос Едукација доделува 10 делумни стипендии од 640 €. Покрај обуката за Cisco мрежен инженер слушателите ќе работат на реален проект со ментор од компанијата EURO BPO

Отворен ден: 11 јуни | Почеток на обуките: 24 јуни

Повеќе информации | Апликација


За Летната Java менторска програма, Семос Едукација доделува 10 делумни стипендии од 600 €. Покрај обуката за Java програмер слушателите ќе работат на реален проект со ментор од компанијата One Inside.

Во однос на пријавување за стипендиите за летните менторски програми, може да се пријави секое лице кое сака да учи, да се доквалификува или преквалификува и да работи на реален проект, а потоа ќе може да започне нова кариера во одбраната област. Од Семос Едукација велат дека праксата покажала дека најчесто се пријавуваат студенти, невработени лица или лица кои прават целосна преквалификација. Сите детали и информации за овие програми се објавени на социјалните медиуми и на веб-страницата на Семос Едукација.


Ова е платен промотивен текст од страна на Семос Едукација. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии