Semi-Conductor на Google ви овозможува самостојно да диригирате со оркестар

Има нешто исклучително релаксирачко во процесот на диригирање, односно управување со оркестар. Малкумина, меѓутоа, имаат можност да го искусат вистинското нешто. Google сака да го промени таквото нешто и ви дава на располагање интересен нов експеримент, директно од вашиот прелистувач.

Користејќи алгоритми на вештачка интелигенција, Semi-Conductor ви дозволува да диригирате со оркестар така што ги движите вашите раце пред вашата камера. Semi-Conductor користи сторици аудио фајлови од снимени инструменти и PoseNet библиотека за да ги мапира вашите движења. PoseNet се заснова на machine-learning алгоритми. Во моментот кога ќе го посетите сајтот и кликнете на копчето START, ќе бидете замолени да ја поставите главата и рацете во претходно одредената рамка. Потоа, со вашето тело, и регистрирани од камерата, ќе диригирате на делото на Моцарт, насловено Eine Kleine Nachtmusik.

За време на диригирањето, лесно можете да забележите кои инструменти каде се наоѓаат и како можете да влијаете на нивната изведба. Имено, што побрзо мрдате со рацете, тоа побрзо свири оркестарот. Доколку ги кренете рацете погоре, музиката ќе стане погласна, а доколку ги спуштите подолу, музиката ќе стане потивка.

Semi-Conductor, на Google, е фасцинантен експеримент кој инстантно нѝ измами насмевка. Комшиите, меѓутоа, не беа толку лесно импресионирани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии