Село во Јужна Африка си направи сопствена Wi-Fi мрежа

Дејан Соколоски

во Свет

Јужна Африка е една од најразвиените држави во Африка и секако е една од државите со најдобра пенетрација на интернет на овој континент. Сепак тоа не значи дека и цената на интернет пакетите е ниска. Јужна Африка има и помеѓу најскапите податочни интернет пакети на континентот. Ова можеби не е толкав проблем во развиените центри, но секако е во руралниот дел на државата.

Високата цена не е единствената причина поради која интернет помалку се користи во руралниот дел. Истражувањето покажало дека втора голема причина за некористење интернет во руралните делови на Јужна Африка е недостапноста. Иако ова е една од најразвиените држави на континентот висината на цената за 1 GB интернет сообраќај е помеѓу 3 и 7 пати повисока од останатите развиени држави на континентот.

Манкоси се обидува и успешно ги надминува двата проблеми. Станува збор за поголема заедница составена од 3500 луѓе кои живеат во 12 села.

Истражувачите од Универзитетот West Cape во Манкоси започнаа со проект на меш мрежа. Наместо централна антена системот е составен од повеќе растурени предаватели со кои се покрива просторот. Ќелиите на мрежата комуницираат едни со други, а напојувањето доаѓа од сончевата енергија.

Советот на селата ги распоредува парите од продадените ваучери за Wi-Fi каде се потребни. Мрежата е во сопственост на луѓето, а истражувачите од универзитетот го истражуваат користењето, колку и за што го користат граѓаните. Ако се покаже како успешен проект, технологијата во целост може да го промени поврзувањето на интернет во руралните делови на Африка, но и на другите континенти.

1 коментар на “Село во Јужна Африка си направи сопствена Wi-Fi мрежа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии