Селфи и отпечаток се нов метод за идентификација на Mastercard

Новата заштита на платежните картички на Mastercard ќе биде идентификација преку селфи и отпечатоци од прсти. Компанијата објави дека овие податоци можат да бидат алтернатива на лозинките при онлајн плаќање, пренесува BBC. Промените кои ги најавува Mastercard наскоро ќе се применуваат во САД, Канада и десетина европски земји, за каде ќе се објави и дополнителна апликација која корисниците треба да ја преземат.

Авторизацијата со отпечаток или селфи ќе биде дополнителна мерка на безбедност која ќе ја замени лозинката, а внесувањето на податоци од картичките останува исто како и досега. Иако промените доаѓаат пред се поради паметните телефони, она што е интересно е дека за ралативно кус период технологијата е неверојатно широко прифатена. Така дури 92 отсто од испитаниците претпочитаат верификација преку отпечаток или преку селфи, отколку лозинки.

Замената на лозинките со отпечатоци ќе ја зголеми безбедноста, со оглед нa тоа дека дел од лозинките се премногу едноставни за да обезбедат некаква заштита. Отпечатоците и биометриските податоци нудат далеку подобра заштита, „селфијата“ веќе се користат за отклучување на Windows 10 компјутерите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии